• Latest
Добро утро со Орданоски

За Витешкиот медал од Редот „Клоца в газ“

October 22, 2021
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За Витешкиот медал од Редот „Клоца в газ“

Повоениот изборен дебакл на Черчил би требало да им е поука на сите политичари дека во демократиите, кога гласачите ќе застанат зад параванот за гласање, повеќе се заинтересирани за она што проценуваат дека им ја носи догледната иднина, отколку за славното (или мизерно) минато на кој било од лидерите што ги предводат изборните листи

October 22, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

И од неопходната историска дистанца, сѐ уште звучи шокантен изборниот резултат на британските конзервативци, предводени од Винстон Черчил, на парламентарните избори во јули 1945 година: светски прославениот, ако не и клучниот политичар за поразот на Хитлер во Втората светска војна, со личен рејтинг во јавноста од неверојатни 83%, иако војната на далечно-азискиот фронт траеше до септември 1945, беше поразен на изборите со понижувачки резултат што ретко се случува во еден од најстарите демократски изборни системи – лабуристите, предводени од Клемент Атли, ќе освојат апсолутно мнозинство во парламентот со 146 пратеници повеќе од конзервативците!

Дали Черчил ја бакнал Елизабета в чело – оваа, истата, што денеска има 95 години – на својата последна официјална посета во Бакингемската палата… Кој го искршил и запалил неговиот „државен“ портрет некоја година подоцна… И дали ги пушел или почесто само незапалени во рака ги држел пурите по кои ќе остане вечно запаметен… Сето тоа се легенди за забава за народ.

Но, историската лекција со пост-воениот изборен дебакл на Черчил би требало да им е поука на сите политичари дека во демократиите, кога гласачите ќе застанат зад параванот за гласање, повеќе се заинтересирани за она што проценуваат дека им ја носи догледната иднина, отколку за славното (или мизерно) минато на кој било од лидерите што ги предводат изборните листи.

Ете, Британците беа емотивно истоштени од Втората светска војна и посакаа „Нов почеток“; Македонците се тотално изморени од приказната за европските интеграции и борбата со ковидот, иако не се претераа ни со гласачка верба во ветената „Нова иднина“. Напротив.

Од тие причини Христијан Мицкоски и на овие избори, сукцесивно, петти пат по ред, загуби 35.000 гласови во споредба со претходните. А, од Заев, по серија изборни победи, сега се откажаа цели стотина илјади поранешни гласачи. Разликата е во тоа што Мицкоски, без голема лична и партиска заслуга, се третира за формален победник на изборите, а Заев е фактичкиот губитник кој, и во таква ситуација, прави нешто што ни Мицкоски, а ни многумина пред него никогаш не (би) го направил: ја најавува својата оставка од челото на Владата, доколку коалицијата што тој ја предводи, во вториот круг, не го освои градоначалничкиот мандат во Скопје.

Ретка е и крајно невообичаена оваа стратегија во политиката: да се „заканиш“ со оставка не откако, туку пред да ја добиеш или загубиш крајната изборна трка! Во коцката тоа се вика ол ин, па кому иде! Влогот е крупен, најкрупен, но користи како еден вид ставена изборна хипотека, имотна гаранција за „кредитот“ што се бара од гласачите кога во вториот круг од гласање ќе ја потпишуваат бирачката „меница“ со главниот протагонист од власта.

Се работи за чувство на одговорност која на Заев, општо земено, задоцнето му доаѓа – рака на срце, тој лично отсекогаш инсистирал да го носи тој „крст“ во СДСМ главно врз своите плеќи, на радост и опуштеност на високите кругови од неговата владејачка елита. На пример, неодамна застана зад метеорската политичка кариера на д-р Филипче и кога поголемиот дел од јавноста бараше тоа да не се случи, а неговиот личен избор за партиското раководно окружување е таков што никој во јавноста од тие луѓе и не очекува голема одговорност. А, кога Заев ги бираше, ТОКМУ за вакви моменти зборувавме дека треба да си мисли, оти сега ШТО ќе го советуваат тие? Во клучните партиски тела му седат 90% бизнис-менаџери, со просек на старост околу 30-тина години и фрц-фрц-шик допадлив моден изглед. Подалекувиди лидери не ги креираат составите на такви тела за сликање, кога добро им оди во политиката, за тоа се ангажираат партиски статисти; туку, имено, за да не дојдеш во стани-падни ситуации, а особено кога тоа ќе ти се случи!

Черчил, по објавувањето на изборните резултати, веднаш се упатил во кралската резиденција да му ја предаде својата оставка на Кралот Џорџ VI. А кога Атли стигнал десетина минути подоцна да го прими кралскиот „премиерски благослов“, бил дочекан со непријатна штама. „Победив на изборите“, му рекол Атли на Кралот. „Знам, видов на вестите во шест“, студено му вратил Џорџ VI.

Патем – уште малку од оваа поучна историска приказна – по партиското губење на изборите (на кои тој со леснотија го одбранил своето пратеничко место во Вудфорд, Есекс), разочараниот Черчил паднал во депресија. Џорџ VI му рекол дека има намера да го закити со највисокото државно одличје на Витешкиот медал од „Редот на Гартер“ (што датира од 1348 година!), а Черчил го одбил, велејќи дека штотуку го добил Витешкиот медал од Редот „Клоца в Газ“ од бирачите.

Daily Express, 1945

Во политиката активно ќе се врати дури една година подоцна, откако американскиот претседател Хари Труман ќе го покани да го одржи својот прочуен историски говор за „Железната завеса“ на Вестминстер колеџот во Фултон, Мисури. А, Нобеловата награда за литература – парадоксално, не за мир! – ќе ја добие во 1953 година, за неговите неповторливи мемоари за Големата светска војна во чија победа предводеше. (И денеска тагувам по библиотеката што ми изгоре во пожарот на нашиот стан пред некоја година, кога во пепел и чад се претворија и десетината тома од моите Черчилови мемоари…)

Далеку е популарноста денешна на Заев од онаа, некогашната, на Черчил. Се разбира, и други споредби би биле крајно неумесни.

Денеска, никој од премиерот Заев не очекува Нобелова награда за литература (откако него и Ципрас, неправедно, ги превидоа за Наградата за мир за Преспанскиот договор – sic!), но голема работа го очекува по овие избори, дури и без разлика на тоа дали Шилегов ќе стане или нема да стане градоначалник на Скопје. Ѝ го должи тој тоа не на партијата, туку на нацијата, по сите испорачани и, уште повеќе, неиспорачани ветувања по падот на Груевски од власт. За таа негова понудена гласачка „меница“ денеска разговараме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ