• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

За здравиот разум

March 26, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За здравиот разум

March 26, 2023 09:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Често пати на социјалните мрежи го читаме коментарот „ти, пак, експерт за сѐ“,  и овде не мислам на размените меѓу т.н. експерти (терминот е во голема мера компромитиран, и отсекогаш ми бил проблематичен па затоа го користам тоа „т.н.“), туку меѓу обичниот народ, меѓу секој образован и необразован граѓанин. Човекот е навистина „политичко животно,“ како што пишуваат филозофите од Антиката, и секој е не само способен ами и должен да учествува во јавната расправа, која е дијалог на сите со сите. Дијалогот подразбира сослушување на другата страна и побивање на аргументите на соговорникот– аргументот ad hominem (односно:  кој и каков е соговорникот) ве дисквалификува од тој натпревар на идеи. Така е барем според правилата на Агората кога секој филозоф расправал пред граѓанството, а, Сократ, пак, расправал и со секој обичен граѓанин – убеден дека секој има мудрост и знаење во себе, и дека по патот на дијалектиката може да го доведете сам да го постигне нужното сознание.

Живееме во ера на висок степен на специјализација, и поделеност на знаењата по нивните со дебели ѕидови затворени отсеци. Ситуацијата е ваква и во Македонија, само полоша: во развиениот свет владее интердисциплинарноста, водењето стручен разговор со помош на знаења од други области, прилагодени на можностите на сопствената област, и тоа денес е норма. Кај нас, пак, барем во пракса, само празен збор на хартија во повеќето документи за акредитација или студии на тинк-тенковите. За разговорот на сите граѓани за сѐ, на што имаат право, стручниот не треба да се расфрла со технички термини, да замаглува со поими и сознанија од некакви институционални процедури, ами да пренесе со јазик разбирлив за обичниот човек што, впрочем, се случува особено за процеси што го засегаат неговиот живот, сечиј живот во едно општество.

Така, користејќи базична логика, оној кој може да разбере терминологија и да прочита процедури а има и способност да примени основна правна логика – онаа што законите во неговата држава очекуваат да биде способен и да ги разбере и да ги почитува, инаку ќе биде казнет –  може да ги сфати голем дел од навидум сложените нешта за кои се расправа во јавноста веќе подолго. На пример, т.н. „француски предлог,“ се однесува на документ кој се вика „Заедничка позиција на ЕУ за отворање преговори со Северна Македонија“. Тој предлог е едногласна позиција на сите земји-членки на ЕУ за условите под кои може да се приклучиме на Унијата – никој Французин никому не предлага нешто, ниту се очекува противодговор ниту се преговара. ЕУ ни кажува – „ве каниме, но под овие услови“. Бугарија не го тргна своето вето, ами ЕУ ја усогласи својата позиција со својата членка, Бугарија: Северна Македонија ќе отвори преговори, но тие може да продолжат по прелиминарната фаза, само ако Северна Македонија признае дека има бугарско малцинство. Сите историски спорови, се оставени на двете земји, а ЕУ не очекува да договориме ништо конкретно на тема историја – во документот стои само дека треба да се соработува за развојот на добрососедските односи, додека ЕУ забележува дали соработуваме и бараме начини да се разбереме или не. Не навлегува во што и како, единствено набљудува дали тече процесот (буквално, штиклира дали имало средби или не, и дали нешто – но не и што – се договорило или не). Повторно, не го измислувам јас ова – го пишува во овој документ за кој ви раскажувам, кој народот но и стручната јавност сеуште го вика „француски предлог“, а редно е да го прочита сам, секој од нас. Се наоѓа на сајтот на Владата. Во него, ќе забележите дека како што се третира Преспанскиот договор така се третира и овој со Бугарија – се бара да се подобрат добрососедските односи.

Секој обид да се укине и обезвредни здравиот разум на обичниот човек е неетичен. Би го споредила со однесувањето на лекари кои треба да ви го објаснат вашиот здравствен проблем но наместо да користат зборови кои ќе ги разберете и кои се за вас важни бидејќи го обликуваат вашето однесување, лекарот се расфрла со терминологија од учебници а вие ја напуштате болницата без да ви  е јасно што треба да правите и дали ќе преживеете или не, дали и колку ќе страдате или не. Така и со овие теми, оти го засегаат вашиот живот.

Да, можеби и нема да влеземе во ЕУ, можеби ќе ни најдат некое „лубендиња“ решение – а можеби и ќе влеземе до 2030 – но ние мора да останеме на таа патека. „Отворен Балкан“ ниту е замислен како алтернатива на ЕУ ниту може да опстои како независен од ЕУ и остатокот од светот (како некакви нови „Неврзани“). Оваа идеја не е на мапата на глобалната геополитика, и е само подготвување на регионот за влез во ЕУ. Не мислете дека ќе си направиме мини-Југославија со Албанија – тоа нема да се случи, за тоа нема амин од никаде. Да беше така, немаше да не „снајде“ ниту „францускиот предлог“ ниту поддршката за него од САД кои го нарекоа решение од стратешка важност за стабилноста на самиот регион во контекст на нејзината евро-атлантска припадност и иднина. Сите сме доволно „експерти“ за ова да го разбереме. Сѐ друго е фрлање магла во очи.


Текстот е објавен во РАЦИН.МК на 23 февруари 2023.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУпреспански договор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ