• Latest
Амб. Бони Денис Џенкинс, Потсекретар за контрола на оружјето и меѓународна безбедност

Забраната за биолошко оружје се соочува со можности и предизвици

December 1, 2022

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Забраната за биолошко оружје се соочува со можности и предизвици

December 1, 2022 15:49
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Амб. Бони Денис Џенкинс, Потсекретар за контрола на оружјето и меѓународна безбедност

Амб. Бони Денис Џенкинс, Потсекретар за контрола на оружјето и меѓународна безбедност

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. БОНИ ДЕНИС ЏЕНКИНС
Потсекретар за контрола на оружјето и меѓународна безбедност

Пандемијата беше значајно искуство кое нé допре сите со огромните човечки жртви и општественото и економско нарушување. Како што Ковид-19 продолжува да се повлекува и владите ширум светот размислуваат како да спречат идни пандемии, треба да се земе во предвид масовното уништување што би се предизвикало со намерната употреба на заразни болести како биолошко оружје – закана што мора сериозно да ја сфатиме за да се спречат потенцијално поразорни последици од оние што ги видовме од 2020 година. За среќа, постои меѓународна норма против употребата на биологијата како оружје. Поддржувањето на оваа норма ни овозможува безбедност. Конвенцијата за биолошко оружје од 1972 година (BWC) забранува секое такво оружје и нејзините 183 земји членки ќе се сретнат во Женева на крајот на ноември со цел да ја разгледаат конвенцијата, со што се обезбедува можност за меѓународната заедница да научи од пандемијата и да се справи со заканата од употреба на биолошко оружје од страна на држави и терористи.

Значи, што треба да се направи на претстојната Деветта конференцијата за ревизија на BWC за ова да се случи? Земјите членки на BWC треба одговорно да го прифатат овој момент за да зацртаат нов курс кој ја прилагодува конвенцијата на еволуирачкиот научен, технолошки и пејзаж на закани и ги унапредува меѓународните мерки за да ја детектира и одврати употребата на биолошко оружје. Канада и Холандија имаат предложено пат кон постигнување на овие цели – иницијатива коспонзорирана од САД и 27 земји – која бара од советот на експерти да прилагодат договор од 20-от век на новите реалности и ризици на 21-от век.

Оваа година светот гледаше во ужас како Русија ја нападна Украина и започна кампања на лаги и дезинформации, што вклучуваше лажни и бесрамни тврдења дека Украина со поддршка на САД произведува биолошко оружје во своите јавни здравствени установи. Откако очајно не успеа да го убеди Советот за безбедност на ОН да ги истражи своите наводи, се очекува дека Русија сега ќе се обиде да ја прекине и потенцијално да ја попречи конференцијата за ревизија со своите континуирани дезинформациски кампањи. Постои мрачна и непогрешлива иронија на таквите наводи бидејќи Москва лажно ги обвинува другите за прекршувањата што самата Русија ги прави. Со падот на Советскиот Сојуз, Русија наследи огромна програма за биолошко оружје, која никогаш ниту ја објави ниту ја уништи.

Конференции за ревизија на договори традиционално усвојуваат конечен извештај со консензус. На неодамнешната Конференција за ревизија на Договорот за непролиферација на оружјето, во август 2020 година, не беше постигнат конечен извештај затоа што само една земја застана на патот на скоро 150 други кои вредно преговараа, направија компромиси и се согласија на конечен документ, со исклучок на една, Русија. Сега се упатуваме кон Конференција за ревизија на BWC со намера вредно да работиме со другите земји членки за да постигнеме консензус, сред политички и други предизвици. Каков и да биде исходот од конференцијата, од суштинско значење е меѓународната заедница да обрне внимание на сериозната закана што ја наметнува биолошкото оружје врз здравјето на населението, просперитетот на економиите и безбедноста на државите. САД ќе ѝ пристапат на конференцијата во дух на соработка и ќе бараат вистински дискусии со државите членки. Сите земји членки треба да дојдат на претстојната конференција со добра волја и заедно да ги прифатиме нашите споделени интереси како земји и, уште подлабоко, нашата заедничка хуманост, бидејќи биолошкото оружје не почитува граници.

Преамбулата на историската Конвенција за биолошко оружје ја забрани употребата на таквото оружје како „одвратна за совеста на човештвото“. Мора да ги осудиме како злосторници против човештвото оние кои би употребиле заразни болести како оружје и да наметнеме сериозни последици за секој таков сторител. САД е посветен на постигнување на свет без биолошко оружје и ги повикуваме сите земји да ни се придружат.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ