Националниот кординатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец ја осуди директорката на средното училиште „Никола Карев“ која им се заканувала на учениците да не протестираат за чист воздух.
„Имаме здраво општество. Општество на граѓани кои остро се противат на поединци кои имаат проблем со демократијата, како што е фамозната директорка која се заканувала со последици врз учениците. Нема простор за закани, осуда за овој недемократски чин“, напиша Забрчанец.