Уште колку Данели се кријат низ општините раководени од ВМРО медарска?, коментира на Фејсбук Марјан Забрчанец, во врска со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие бараат оставка од „својата“, довчера најспособна градоначалничка, која сега ја нарекуваат најнеспособен градоначалник во историјата.
„Нивната победа на локалните избори за само една година донесе голем пораз за граѓаните, за општините и за јавното добро.
Мицкоски убеди мнозинство од граѓаните на Скопје да гласаат за најнеспособниот градоначалник во историјата. Каква е таа победа? Не е пирова, туку е антидржавна, победа врз народот. Народот изгуби, за тие да брцаат во мед.
Што и да каже натаму овој политичар треба сите да сме подготвени дека ќе го направи токму спротивното. Политичарите како Мицкоски и Арсовска се опасни за Градот, за државата, за народот“, пишува Забрчанец на фејсбук.
М. Д.