• Latest

Захариева: Бугарија и Грција се подготвени да ѝ помогнат на Македонија

October 23, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Захариева: Бугарија и Грција се подготвени да ѝ помогнат на Македонија

October 23, 2017 16:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија и Грција се подготвени да ѝ помогнат на Македонија да ги спроведе реформите неопходни за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за бугарското радио „Дарик“.

„Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за да почнат преговори за влез во ЕУ. Разговаравме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти да ѝ помогнат на Владата да ги спроведе неопходните реформи“, вели Захариева.

На прашањето дали Македонија може да влезе во ЕУ под ова име, Захариева е децидна дека тоа не е можно и дека треба да се најде решение за името за што, како што вели, двете страни, Македонија и Грција, водат интензивни преговори.

Таа посочува дека кај дел од политичките лидери во земјава сè уште преовладува агресивна антибугарска политика со „исклучително силни антибугарски пораки“, особено во последните месеци, за време на кампањата за локаланите избори. Но, додава Захариева, граѓаните на Македонија со своето гласање јасно покажале дека се против ваквите политики.

Шефицата на бугарската дипломатија вели дека токму ваквите политики се причината поради која Македонија  заостанува во приближувањето кон ЕУ, иако земјата уште во 2005 година добила статус на кандидат за членство.

„Поигрувањето со „ние сме најголемите“ не помага. Македонските граѓани сакаат да се интегрирани. Тоа е една од причините зошто сè уште не ги почнале преговорите. Не постои можност европските држави да се согласат со таквата политика“, рече Захариева.

Таа оцени дека новата македонската влада има многу јасен план за реформи и се размислува наскоро да се одржи заедничка седница со бугарската влада.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаГрцијаЕкатерина ЗахариеваЕУреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result