• Latest

Зад димната завеса: Меѓу национализмот и ЕУ

July 28, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зад димната завеса: Меѓу национализмот и ЕУ

July 28, 2022 11:05
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“,  посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Учесници на панелот се Бобан Карапејовски, Александар Николиќ Писарев, а ќе се проследи и изјава на професорот д-р Људмил Спасов. Настанот го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Бобан Карапејовски

„Тоа и не е некоја ексклузива со која може само мене да ме претставите, буквално 97 проценти од сите научни работници кои се занимаваат со македонистика на некој начин, го потпишаа. Целта на тоа беше некаков одговор на изјавата што македонското министерство за надворешни работи, ја даде таа унилатерална изјава, наспрема бугарската, на првата меѓувладина конференција, и затоа веројатно ќе треба малку контекст, ако имаме време.

Контекстот е малку историски, малку политички, бидејќи, кога зборувате за јазик, мора да имате еден историски поглед и контекст, бидејќи ако се занимавате со хуманистика и со јазик тогаш тоа нужно е поврзано со историја и со политика, бидејќи кога таму се зборува за стандардни јазици, тие стандардни јазици се производ на социолингвистиката на општеството, на политиката на државата, на организираните системи. Ми се чини дека во овој период се пројавија неколку идеи во врска со тоа, и нашето општество всушност се подели на три дела. Јас би рекол на три, иако повеќето велат на два.

Едниот е веројатно оние кои никогаш не застапувале  европски вредности, под европски вредности мислам на високите цивилизациски вредности што човештвото ги има достигнато токму на почвата на Европа, и обично тие ги олицетворуваме преку една организирана институција каква што е ЕУ. Сигурно има такви, има во сите држави, тие просто – тој цивилизациски напредок, тие такви вредности, не ги прифаќаат. Вторите се веројатно еврофилите, во кои се ставам и себеси, кои високо ги цениме тие вредности, и третата, јас ја нарекувам … можеби тоа грубо звучи, но ги нарекувам евро-фундаменталисти, во смисла дека тие не секогаш се грижат за европските вредности, колку што се грижат за тоа што кажува актуелната политика, сега, на Европската Унија, да речеме, која не секогаш може да биде на линија на тие вредности“, вели Карапејовски.

Никој не може да го оспори македонскиот јазик со тоа што ќе рече „не постои“, тоа е неспорно, проблемот е кога македонските институции, ми се чини дека невешто влегуваат во таа одбрана. Ако сакаат да не бранат, работава е „аман не ме брани со оваа изјава“, ова не е баш добра одбрана, ако им е тоа поентата, вели Карапејовски во однос на дипломатската нота од страна на Северна Македонија за унилатералната изјава од Бугарија за македонскиот јазик.

Александар Николиќ Писарев

„Јас не сум лингвист и начинот на кој го разгледувам ова прашање малклу се разликува од гледиштата на соговорниците бидејќи јас не сум Македонец. Во народот постои една изрека кога некој прави пишлиќ у какиќ води бугарска политика. Ако нешто не чини води бугарска политика. Друг е проблемот. Проблемот е во неукост на многу што работат во институции. Кога пишувале можеле да викнат човек од струка. Ние овде се исцрпуваме и губиме време а Карапејовски се става во улога на лекотор што овде го лекторира нешто што тие лошо го напишале и нормално ги наоѓа тука цаките итн. Проблемот не е од вчера, ако ги земеме предвид сите војни, јасна е бугарската политика кон Македонија. Втора работа на што се потпираат Бугарите  – на нивните служби кои се сериозни. Тезата нивна е „един јазик, един народ“… знаете што е решение македонско –бугарски јазик да направиме и сите ќе бидеме мирни Кај нас ќе си го викаме македонско-бугарски, кај нив бугарско-македонски. Друга ми е поентата, вие како лингвисти, Институтот, Катедрата, касните брате, вие сте некој заспана убавица која се бави со некакква наука. Знаете каде е направен проблемот и каде е изгубен македонскиот јазик? Изгубен е во доцните 90ти години кога вие молчевте на книжарниците кога станаа book shop – ови, фризерниците – hair style итн. 30 години никој не го потегнува оваа прашање“, вели Писарев.

Зоран Иванов

„Кога ние тропаме на овие порти, а проблемите за ои зборуваме се внатре со сите стигми што ни ги прават и со сите примитивности и слабости што ние ги имаме итн. зошто е нашето настојување да влеземе во ЕУ.. За да почнеме интерактивно да функционираме, малку да се културизираме, да имаме контрола над корупцијата, да ја решиме сиромаштијата, таа е таа желба за влез во ЕУ. Ќе ги решиме проблемите ако сме на терен, ако седиме и плачеме пред затворени порти никогаш нема да знаеме што ќе се случи. А на оваа тема доминира говорот на омраза… Вие научниците треба да помогнете за во процесот до ЕУ, а вие со прогласот одмогнавмте. Ја уценувате државата, ја политизирате вашиот проглас и во првата реченица велите државата веднаш да ја повлечие. И наредувате… Полека малку…  “, вели Иванов.

Александар Николиќ Писарев

„Сами го сееме семето на национализмот без многу размислување дека ги храниме центрите на моќ. Ги храниме со неверојатно голем материјал којшто тие аналитички го обработуваат и го ставаат и го ставаат во една машинерија што се вика хибридна војна. Прво внатре се хранат национализмите. Нашите политичари, особено луѓе коишто се пратечки елемент на политичките партии, да не кажам партиските војници. Тие добиваат наредби, несвесни каква штета права на државата…. ЕУ ти вика Макеоднија е држава во која живеат сите граѓани на таа држава… Е, не е- и тука почнува погхранување на национализмот: ако го направиме така ќе се изгуби македонизмот“, вели Писарев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ