• Latest

Заедничко барање до ЕУ и ЗБ6 за визна либерализација на земјите од Западен Балкан

July 13, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заедничко барање до ЕУ и ЗБ6 за визна либерализација на земјите од Западен Балкан

July 13, 2021 12:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 70 организации и поединци од Западен Балкан и ЕУ упатија Заедничко барање до лидерите на ЕУ и ЗБ6 да ги отстранат бариерите со кои се ограничува слободата на движење на граѓаните на Западен Балкан во  Шенген зоната и регионот.

Меѓу потписниците за либерализација на визниот режим во земјите на Западен Балкан е и ЦИВИЛ.

„Ние, долупотпишаните организации и поединци од Западен Балкан и Европската унија ги повикуваме владите на ЗБ6 и лидерите на земјите членки на Европската унија итно да постапат кон укинување на визниот режим и кон воспоставување слобода на движење за сите граѓани на Западен Балкан кои патуваат во регионот и низ целиот Шенгенски простор.

Постоечките пречки за слободно движење во регионот и низ целиот Шенгенски простор нарушуваат семејни врски, штетат на бизниси, ограничуваат студентски и академски размени и спречуваат регионална соработка и развој.

Движењето на граѓаните на ЗБ6 внатре во регионот и понатаму е предизвик поради пасошки ограничувања, како што е случајот со патување помеѓу Косово и Србија, како и помеѓу Босна и Херцеговина и Косово. Владите треба да разберат дека патиштата, тунелите и железниците нема во целост да им служат на земјите на ЗБ6 доколу одредбите не го олеснуваат слободното движење на луѓе, стока или услуги во регионот.

Слично, можностите за граѓаните од ЗБ6 се многу поограничени кога се работи за придонес или придобивки од регионални проекти, но исто така за поголеми ЕУ програми кои се покажале корисни за студенти, истражувачи и млади претприемачи – како што е програмата Еразмус+– што нуди значајни искуства за ЕУ граѓаните. Кога постојат вакви можности, тие имаат тенденција да бидат достапни само за луѓето во регионот на Западен Балкан чии пасоши им дозволуваат да патуваат полесно, без да се поминува низ долгите и скапи процедури на вадење Шенген виза.

Пасошките ограничувања и визните режими во рамките на регионот се значајни пречки што мора итно да се решат. Претстојниот Самит на Западен Балкан во Берлин претставува значајна можност за укинување на визниот режим и овозможување слобода на движење во регионот.

Истражувањето на потенцијалот на човечкиот капитал во рамките на Берлинскиот процес беше од суштинско значење, што овозможи вклученост на младите и граѓанското општество како промотори на општествени промени и кој се смета како инвестиција во мобилноста на луѓето. На поддршката на ЕУ често ѝ недостасува овој социјален аспект, што може да има значајно и одржливо влијание врз граѓаните и општествата.

Визната либеризација во полза на петте земји на Западен Балкан од 2009 година, беше најголемиот поттик за економскиот развој на регионот. По воведувањето на визната либеризација за Западен Балкан, трговијата на регионот со ЕУ се зголеми скоро два и пол пати.

Меѓутоа, граѓаните на Косово и понатаму се единствените во регионот на кои им е потребна виза за да патуваат во шенгенскиот простор. И покрај фактот што во 2018 година Европската комисија потврди дека Косово ги има реализирано сите одредници поврзани со визната либеризација, а Европскиот парламент гласаше за предлогот на комисијата, истото сé уште не е решено во Европскиот совет.

ЕУ треба да преземе одговорна улога и да го зачува својот кредибилитет во регионот по пат на исполнување на своите ветувања дадени на косовските граѓани и да додели визна либеризација на Косово оваа година. Со доделување визна либеризација на сите граѓани на регионот на Западен Балкан, ЕУ би си го исполнила своето ветување и би ја исполнила својата основна вредност – слобода на движење.“, пишува во повикот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ