• Latest

Заев: Бојкотот на пописот нема да и донесе ништо добро на државата

January 29, 2021

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Бојкотот на пописот нема да и донесе ништо добро на државата

January 29, 2021 14:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бојкотот на пописот на кој повикува и го најавува опозоцијата е најлошата одлука што може да ја донесе било кој политички субјект. Тоа може да донесе штета за државата, конфузија кај граѓаните. Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Без разлика, рече Заев,  дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект.

– Кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за  пазарот, за потрошувачките навики. Оттаму, тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција – Попис 2021, рече премиерот.

Тој додаде дека на државата и требаат сите податоци што ќе се добијат од пописот, бидејќи, како што потенцира, тој не е само операција која треба да даде слика за етничката состојба во земјата, туку опфаќа многу сегменти, факти, податоци, бази од кои може да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество. Пописот на граѓани, домаќинства и живеалишта, потенцира ќе овозможи да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

Споиред премиерот, податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти и се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

-Од значење за општините се и податоците за структурата на постоечките индустриски капацитети, но уште повеќе на потенцијалите за развој на овие капацитети кои исто така можат да се идентификуваат од статистичките податоци. Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали, рече премиерот Заев на средба на државниот врв со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и градоначалниците на општините за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Тој потсети и дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи, како што рече,  поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме.

-Сите да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност – сите ние кои сме на лидерските позиции во општеството на централно или на локално ниво, за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики. Со учеството во пописот секој граѓанин ќе да даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца, рече премиерот Заев.

Заев ги повика градоначалниците да се вклучат сите аспекти на пописот и да помогнат колку што можат за да се спроведе успешна статистичка операција. Притоа тој нагласи дека со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики, за како што рече, никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ