• Latest

Заев: Борбата на сегашните генераци e меѓународно интегрирана држава

October 11, 2020
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Борбата на сегашните генераци e меѓународно интегрирана држава

October 11, 2020 13:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска стоиме тука во Куманово, горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци. Во темелот на македонскатаа државност се вградени заложбите напорите и саможртвата на огромен број генерации. Генерации на борци кои не се штедеа себеси ниту својата младост и своите животи. Благодарение на овој самопрегор денес РС Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности, и настани во европските институции.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на централната прослава по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, што се одржа пред Спомен кострурницата во Куманово. Одбележувањето на ваквите денови, рече тој, е најсилниот потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, а тоа вели, е европскиот пат, патот на демократските вредности.

-Нашиот повик борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава во која младите имаат проспертетна иднина. Токму затоа ги постигнавме договорите. Токму затоа ги постигнавме договорот од Преспа со Грција и договорот со Бугарија, со кој С.Македонија направи пробив на меѓународен план. Сето ова се реализираше низ полноправното члелснтво во НАТО и со утврдувањето на почеток за преговори со ЕУ, како и низ градењето партнерски однос со нашите соседи, рече Заев.

Благодарение на овие договори, додаде тој, денес нашата држава е ценет и поскаувам партнер, успешна приказна која почна да го менува наративот на Балканот. Ова е, рече тој,од исклучително значење токму сега кога со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Грција, секојденвно заедно соработуваме во справување со пандемијата од Ковид-19.

-Како дел од НАТО семејството најмноќниот воен сојуз во светот нашата драва стана фактор и извозник на безбендост. Членството во НАТО ја редефеинираше нашата улога на меѓународната сцена и ни овозможи активно учество во широк спектар на безбедносни мисии нза колективна одбрана. Ги зацементиравме основите за зголемна стабилност и просперитет на нашата држава. Со члентвото во НАТО не сме повеќе сами. С.Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник, ниту изолирана од светот, рече Заев.

Светот, рече меѓу другото премиерот Заев, го очекува неизвесна есен за справување со пандемијата во која не очекуваат многу предизвици и како и светот така и ние ќе се справиме сако ако ги почитуваме мерките, но и само ако сме здружени.

-Токму затоа од ова место на непокор и стремеж за слобода, сакам да испратам порака Ова е нашата битка денес имаме невидлив непријатил со кого очекувам да се избориме заедно – институциите и граѓаните, рече Заев.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Премиерот Заев ја предводеше и владината делегација која положи цвеќе на Спомен – Костурницата. Во делегацијата беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

На Спомен костурницата цвеќе положија и делегации на Собранието, на Сојузот на борците од НОБ, на Армијата, на делегации на градовите Куманово и Прилеп, од дипломатскиот кор и од парламентарните политички партии.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ