• Latest

Заев: Европскиот инвестициски план кон Западен Балкан е од исклучителна важност за пост-ковид периодот и обнова на економијата

May 19, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Европскиот инвестициски план кон Западен Балкан е од исклучителна важност за пост-ковид периодот и обнова на економијата

May 19, 2021 18:41
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, на земјите од овој дел на Европа, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Виенскиот економски форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

-Словенија е еден од најголемите поддржувачи на нашиот евроинтеграциски пат и навистина е задоволство да се биде патрон заедно со нив. Особено кога се подготвуваат за претседалството со Европска Унија, на почетокот на месец јули, оваа година и нивниот фокус е на земјите од Западен Балкан за натамошен успех на нашиот интеграциски процес во текот на нивното претседателство, посочи Заев.

Премиерот Заев додаде дека истовремено Виенскиот економски форум е мост што ги поврзува раздвоените програми на државите на Западен Балкан и Југоисточна Европа со претставници на европски и светски претприемачи, кои имаат интерес за бизнис иницијативи во овие региони.

Тој објасни дека во последните четири години форумот ги интензивираше своите активности за популаризација и пормоција на можностите за инвестирање во регионот на Јадранот до Црно Море и го опиша како место на кое што се дефинираат потенцијалите за остварување ефекти од реализација на јавните и приватните интереси во врска со различните проекти во регионот, како дел од европеизација на регионот.

-Ова го нагласувам како многу важно, затоа што се совпадна со интензивирањето на евроинтеграциските агенди од Западен Балкан, во подготовката за финалните чекори за пристапување кон ЕУ. Се разбира ова посебно се однесува на Република Северна Македонија, која предолго е оставена пред вратите на ЕУ и ако ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавја, за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромното мнозинство на земјите членки уште во март 2020 година, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој им се заблагодари на сите земји членки на ЕУ кои  ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство на Португалија со ЕУ. Комесарот Вархеј, како што истакна премиерот е комесар кој се обидува да помогне на сите земји за да го продолжиме процесот за евроинтеграција.

Во однос на фокусот на вниманието на европскиот инвестициски план кон Западен Балкан на овој настан, Заев истакна дека е од исклучителна важност, доаѓа во вистинско време кога земјите од регионот се подготвуваат за пост-ковид периодот на рехабилитација и на обнова и нов поттик на растечките економски трендови кои се успорени или запрени поради влијанието и последиците од пандемијата.

-Кога беше најавен економскиот инвестициски план се соочувавме со третиот бран на пандемијата и ние се организиравме како економија како да го искористиме ова да ги мотивираме нашите капитални инвестиции со парите резервирани за Западен Балкан, да го искористиме овој потенцијал во нашата економија, нашиот домашен потенцијал, но и на странските инвестиции. Креиравме дополнителни шест милијарди евра, што е плус на тоа што ќе го добиеме како дел од Западен Балкан, додаде премиерот во своето обраќање.

Заев ги  охрабри сите земји да ја искористат кризата како потенцијал и можност, надевајќи се дека резулатите досега се добар пример и дека економијата е во добра состојба и ќе закрепнат од економската криза и пандемијата.

-Во првите четири месеци имаме 22 проценти раст во нашите приходи во споредба со минатата година, односно четири отсто во споредба со првите четири месеци во 2019 година. Извозот ни е за 30 проценти поголем од првиот квартал во 2020 година, односно 40 проценти поголем од првиот квартал во 2018 година. Нашата економија е многу поотпорна од онаа на ЕУ, бидејќи е многу флексибилна и затоа имаме многу странски инвестиции, што работат со поголем профит и оддржлив профит бидејќи имаме ниски трошоци и даноци, цената на материјалите е мала и сите учествуваме во економијата, посочи премиерот.

Со планот, како што истакна премирот Северна Македонија има инвестиција од 3,5 милиони евра во приватниот сектор, а работи и на правична транзиција.

-Не подоцна од 2019 година имавме во план да ги затвориме сите термоелектрани. Го започнавме тој процес многу успешно и во моментов започнуваме процес за фотоволтаици, хидроцентрали и за ветерници и дополнително на тоа имаме неколку инвестиции во енергетскиот сектор, заедно со се ова што се случува со економскиот инвестициски план од ЕУ, тоа што го спомена комесарот Вархеј, односно интерконекторите со Грција, Косово, Србија ќе го победиме монополот за гас и ќе имаме три нови понуди за гас од Азербеџан, Катар, ликвиден природен гас од  САД, нешто што треба да претставува иднината на североисточна Европа, истакна Заев.

Во овие услови, премиерот истакна дека главните инвестиции се фокусираат на гасот, но и други инфраструкурни конекции со европските земји, бидејќи тоа е европска инфраструктура, а како што посочи државниот секретар на Словенија, Западен Балкан претставува своевиден остров, опкружен со другите европски земји.

– Во таа насока ние сме целосно приспособени со стратегијата и плановите на ЕУ и сакаме да бидеме поуспешни од некои членки, тоа е позитивна конкуренција и сакаме да им покажеме на земјите членки на ЕУ дека ние целосно ги следиме европските одлуките и сме усогласени со европските процеси, истакна Заев во своето обраќање.

Европскиот економски инвестициски план според премиерот доаѓа во вистински момент за да понуди излез од економската катастрофа предизвикана од пандемијата и претставува добро време да се продолжи напред кон тоа што било предвидено да се постигне пред пандемијата.

-Сметам дека Западниот Балкан и сите ние заедно ќе биеме добар пример за тоа како ги следиме европските политики, ќе бидеме добар пример за инвестиции во обновливи извори, инфраструктура и за тоа како добро може да се помогне на економијата на европскиот континет, додаде Зоран Заев.

Премиерот Заев во своето обраќање на форумот заклучи дека со европскиот инвестициски план што распредели до девет милијарди евра за целиот регион во следните неколку години ќе се создаде солидна основа за идни перспективи на регионот.

Тој додаде дека е оптимист во однос на инвестициите во областа на транспортот, енергија, зелена и дигитална транзиција, што ќе создадат одржлив раст и работни места за младите луѓе што сакаат да ги задржат во регионот.

На форумот присуствуваа и еврокомесарот за соседна политика и проширување Оливер Вархеј, словенечкиот премиер Јанез Јанша, извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолдер и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ