„Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест и слава на 7 милиони еврејски мајки и ќерки, татковци и синови, пријатели и соседи – кои ги загубија своите животи во фашистичките логори на смртта“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од Холокаустот.
„На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, во Полска. Сеќавањето на нив секогаш да нѐ потсетува дека тишината и молкот можат да биде соучесник на злото и дека наша должност е во секоја ситуација да се спротивставуваме на секоја форма на фашизам, фанатизам, расизам, ксенофобија и геноцид“, напиша Заев.