Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и лидерите од западен Балкан, меѓу кои и претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе учествуваат на состанок во Берлин, на кој ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
На средбата за Северна Македонија ќе биде важно да се потврди датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ кои согласно најавите, треба да почнат во јуни.
Меркел и Макрон исто така ќе се обидат да помогнат околу преговорите на Србија и на Косово, да се формира нов дијалог. Претседателот Хашим Тачи пред средбата истакна дека очекува за граѓаните на Косово и за сите од западен Балкан визна либерализација.