• Latest

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не!

June 23, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не!

June 23, 2021 16:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.

 

„Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата Европска Унија. Брисел ни порача дека ЕУ не успева да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблем. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ.

Но ние не сме сами и нема да бидеме сами, ниту изолирани.

Нашиот народ, македонскиот народ и албанскиот народ пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија, исти вредности – тоа се европските вредности, а не политиките на ѕидови и поделби.

Ние не запираме, а знам дека на овој пат со нас се и Србија, Црна Гора, Косово, БиХ.

Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не.

Нашите народи и влади, среде Балкан, демонстрираат европски манири – забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот.

И тука сме со премиерот Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите.

Имаме пораки и за нашите граѓани, и за европските граѓани, и за домашните и за европските политичари – алармот е вклучен, суштината и вредностите на Европската Унија се доведени во прашање.

Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидатки за членство кои ги прифатија и ги развиваат.

И еве, денеска тие вредности се афирмираат од Западен Балкан: Инклузивноста, мобилноста, толеранцијата, правдата, солидарноста.

Треба да знаат сите од Европската Унија, кои овие вредности ги прифатија и ги промовираат како составен дел од европскиот начин на живот, дека никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права.

Минатата недела јас и делегацијата на Владата на Северна Македонија заминавме во Софија со отворено срце и подадена рака за решение и со подготвеност за исчекор во позитивна насока со Република Бугарија.

Претходно во Софија беше и премиерот Рама.

Иако направивме заеднички позитивен исчекор, за жал, и покрај јасните и недвосмислени пораки од целата меѓународна заедница дека сега е моментот да се најдат сили за пробив, бугарските колеги не успеаја да соберат доволно сила да одобрат почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Без разлика колку бевме свесни и воздржани во очекувањата, одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија сепак е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето и лоша порака за целиот регион.

Гласот на Бугарија да не ја одобри преговарачката рамка, наспроти едногласниот став на сите останати 26 земји членки, сметаме дека не е во духот на добрососедските односи.

Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.

Токму затоа сметаме дека во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји членки на ЕУ.

Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.

Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство.

Северна Македонија стана 30 полноправна членка на НАТО Алијансата и седна на масата со најмоќните земји на чело со САД.

Денеска сме и НАТО партнери со Албанија, но и со Бугарија и Грција, и со сите останати земји членки на НАТО.

За Албанија и Северна Македонија, ЕВРОПА останува единствената алтернатива и стратешка национална цел, за која вложуваме искрени напори. За нас европските вредности се светост, колку и самата ЕУ да не успева да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа.

Затоа ние, преку „Акција 2021” и преку „Европа дома”, сериозно ги имплементираме европските вредности дома. Продолжуваме и понатаму на реформскиот пат. И цврсто стоиме на ставот дека ЕУ ни должи испорака на ветеното. Нам ни треба забрзана европеизација и низ процесот на отворање на преговарачките поглавја.

Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан.

Сѐ уште му даваме шанса на процесот, и остануваме посветени на нашата стратешка цел – членство во ЕУ и целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија и Република Албанија.

Имам уште една порака. Тие што ме знаат добро, знаат дека не се откажувам. А тие што не ме знаат, нека знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија повторно, и повторно, и повторно… и ќе барам решенија.

И ние во таа цел ќе успееме!  Северна Македонија е Европа. Албанија е Европа. Балканот е Европа“, истакна Заев.

Претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, истакна дека случајноста донесе, истиот ден кога требаше да разговараат за тоа што не се случи во Брисел, да бидат тука на еден важен економски форум.

„Јас верувам дека ова е можност да се каже, што и да се случи или нема да се случи во Брисел, ние сме многу одлучни да продолжиме со сите сили да ја растеме економијата, да ја зголемиме благосостојбата, да ја зголемиме гордоста и силата на достоинството на нашите народи.

Европската Унија може да одреди задачи за интеграцијата, може да одреди рокови за овие задачи, може да одреди датуми. Но, ЕУ не може да ја одреди ниту нашата местоположба среде Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, во европски држави, со политички, институционални, економски европски стандарди.

Албанија го направи својот избор уште во времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди повторно својот избор уште од ерата на националната преродба. За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа.

За мене, всушност, во оваа точка имаме една непроблематична разлика со Зоран, бидејќи, за мене не се случи ништо друго, освен тоа што ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на ангажманот и да биде на вистинскиот став.

Животот продолжува и напредокот ќе продолжи со сите сили, затоа што тој не е наметнат однадвор, туку е наметнат од нас внатре.

Регионалната соработка ќе продолжи со сите сили и со сите држави од Западен Балкан кои се подготвени да се туркаат напред безрезервно, затоа што овој регион е опкружен со границите на ЕУ и, ако ние не можеме да го смениме начинот на кој функционира ЕУ во однос кон нас, ние може, треба следствено да го менуваме начинот на нашето функционирање едни кон други. И, топењето на границите меѓу нас е за да го претвори нашиот регион во простор на целосна имплементација на четирите слободи на ЕУ: слобода на движење на луѓе, слобода на движење на стоки, слобода на движење на услуги и капитал.

Тоа ќе продолжи без да сопре, бидејќи ние сме премногу мали да имаме силни економии останувајќи одвоени едни од други, а инаку, ние сме доволно големи ако едни со други го претвориме регионот во еден заеднички економски простор“, нагласи Рама.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ