При денешната посета на струмичката болница, премиерот Заев, на новинарско прашање за последната изјава на Захариева изјави:
„Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни одлуки градиме горчина. Не треба двата народи некој да ги ограничува, треба да ги зближи.
Тоа е историски повик кон политичарите и кон нас македонските политичари и кон бугарските политичари. Двата народи се навистина со заедничко минато и од таа заедничка историја се развиле денешниот, македонскиот и бугарскиот народ.
Зошто не е доволно заедничкото? Како тоа да биде заедничко и да биде бугарско ? Или да биде заедничко, а да биде македонско?
Секако, одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носиме. Ако се позитивни, тие одлуки историјата ќе испише со златни букви. Ако се негативни, ќе испише горчина. Јас верувам дека ќе бидеме доволно мудри. Нашиот македонски народ никогаш не би ставил блокада и вето на бугарскиот народ. Ниту бугарскиот народ на македонскиот народ. Политичарите се тие кои ги носат одлуките“ – изјави премиерот Заев.