Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека се сериозни и флексибилни во изнајдување на решенија кои се добри за граѓаните. Тој вели дека е спремен на лидерска средба со Христијан Мицкоски да седнат да разговараат и да се договорат околу законот за Јавно обвинителство.
„Мицкоски не знае што сака, тој ни се води ни се гони. Сепак јас ќе побарам лидерска средба да седнеме да се договориме за законот за ЈО. Јас ќе се обратам до осумте независни пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за Преспанскиот договор, бидејќи ни треба двотретинско мнозинство да се изгласа законот за ЈО“, додаде Заев.
Заев очекува и од пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го гласаат законот за ЈО, а не да го блокираат.
Тој додаде дека не сакам никакви провокации или закани кон Грција, бидејќи создадовме пријатели и стратешки партнери со Грција.
„ВМРО ДПМНЕ не се сега само партија, тие имаат свои министри и заменици министри во Владата. Затоа не смееме да си играме играчки со Преспанскиот договор“, нагласи Заев.
СДСМ велат дека се подготвени, а дека ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени за разговор денес.
„Договорено е утре да се сретнат претставници на лидерите за да договорат динамика на разговорите. Ние очекуваме од нив конкретни позиции и амандмани на писмено што до сега не сме ги добиле и најавуваат дека тоа ќе го направат дури во среда“, брифираат од СДСМ.
Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?
Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?
Gepostet von СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија am Montag, 20. Januar 2020
Д. М.