• Latest

Заев: Мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување

May 28, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување

May 28, 2021 14:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Како што изјави денеска, делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии, остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии.

Заев повтори дека СДСМ поддржува една изборна единица, а опозицијата бара мнозински модел. Тој информира и дека ДУИ предлагала три изборни единици, па потоа, како што слушнал, осум изборни единици, но на Влада, истакна, не се разговараат ваквите прашања, туку на партиско ниво каде што се преговара.

-Министерот за правда ме информира дека со претставниците на парламентарните партии е усогласен делот за се она што значи стокмување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. И тука е завршено. Сега продолжуваат дебатите за двете теми за обид за унапредување на демократскиот начин на гласање. Тоа е, предложени теми од опозицијата и од власта или од поголеми и помали партии. За локалните избори опозицијата предложи прв круг избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупниот број гласачи. Тоа треба да се усвои или одбие од сите партии. Нашиот предлог е отворените листи зашто мислиме дека советниците им должат многу повеќе на граѓаните отколку на своите матични партии или коалиции кои ги предлагаат и сериозен демократски исчекор е. Но, се надеваме дека ќе се постигне консензус или барем по приличен консензус затоа што Изборен законик знаете дека нели традиција имаме заедно сите, рече Заев.

Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата, за владејачката партија е уназадување.

-Далеку од изборите без притисок на парламентарни избори се разговара за неколку нови модели. Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификација или поголема разноликост на Парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии  и ќе ја унапреди демократијата во државата, а ќе гарантира поголема застапеност и на помалку бројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата, од генерално последното што го слушнав, бара мнозински модел. Тоа е уназадување според нас. Но, нека разговараат тимовите, па ќе ги слушнеме сите аргументи, истакна премиерот.

Тој изрази надеж дека сите ќе имаат обврска да прифатат чекорење кон унапредување на демократските модели на гласање.

-Изборите се врв на демократијата. Ние сме отворени и за прифаќање на се што е добро и што значи унапредување. Подготвени сме да се откажеме од дел од тоа што во сегашните модели ни следуваат како гласови и пратенички места за сметка на демократија зашто едната ИЕ веројатно поголемите четири партии ќе изгубат дел, но ќе добијат граѓаните, ќе добие демократијата преку застапеност на помалите партии, подвлече премиерот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ