• Latest

Заев на Европскиот форум: Очекувам ЕУ да најде начин да го деблокира проширувањето како нејзин стратешки интерес

August 30, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев на Европскиот форум: Очекувам ЕУ да најде начин да го деблокира проширувањето како нејзин стратешки интерес

August 30, 2021 13:06
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на Европскиот форум Алпбах кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“.

Преку интернет видео конференциска врска, премиерот Заев учествуваше на панелот „Перспективите на Северна Македонија“ заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, и во своето воведно излагање истакна дека членството на земјата во ЕУ е перспектива и без алтернатива и покрај разочарувањето од блокирањето на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија.

„Посветени сме целосно на овој процес затоа што нѐ водат европските вредности кои се и наши вредности и кои со сите политики што ги имплементираме ја остваруваат европеизацијата и тоа е нашата најсилна мотивација. Целта на Република Северна Македонија не е членство заради членство туку заради постигнувањето на стандардите и имплементацијата на тие стандарди во сите сфери на нашето општество“, нагласи Заев.

Дека земјата е на вистинскиот пат и дека ги исполни сите критериуми, додаде премиерот Заев, беше потврдено со одлуката и препораката на Европската Комисија до Европскиот Совет на 20 март 2020 година, поддржана од сите земји членки на ЕУ, за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, чија што организација потоа беше блокирана од Република Бугарија.

„ЕУ има морална обврска кон Северна Македонија. Сите реформи во земјата се спроведени или се во тек, со соседите решивме прашања кои што беа отворени по неколку децении, како што беше Договорот од Преспа со Грција, или Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Северна Македонија е успешен модел на функционална мултиетничка заедница и лидер на регионалната соработка, а со членството во НАТО станавме фактор на стабилност на Западен Балкан“, потенцираше Заев.

Тој додаде дека сите земји членки се едногласни дека Северна Македонија испорача и дека ЕУ остана должна со исполнување на својата одлука за почеток на преговорите, и се надева дека тоа ќе стане реалност штом Бугарија формира функционална политичка влада и изрази надеж дека на Самитот за Западен Балкан во Љубљана на 6 октомври ќе има сериозно придвижување на блокираното проширување на ЕУ.

Меѓу прашања од аудиториумот на Форумот особено внимание беше посветено на иницијативата Отворен Балкан за која премиерот Заев потенцираше дека не е алтернатива за членството во ЕУ, туку процес кој ги забрзува евроинтеграциските процеси во земјите во регионот, кој го поврзува Западен Балкан според принципите на ЕУ и кој остварува огромен придонес во јакнењето на пријателството и соработката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ