• Latest

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Партнерски креираме поволен деловен амбиент

December 18, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Партнерски креираме поволен деловен амбиент

December 18, 2020 09:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората, чиј претседател е Виктор Мизо.

На состанокот се дискутираше за приоритетните прашања на странските инвеститори во неколку области во делот на законска регулатива, царински стапки, инфраструктура, даночни политики, работни односи, дигитализација како и останати прашања во насока на подобрување на деловната клима и на секојдневното работење, соопшти владината прес-служба.

Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемување на довербата на инвеститорите, отпочнување на нови инвестиции, поттикнување на извозот, зајакнување на човечкиот капитал, а со тоа и подобрување на севкупниот економски раст во државата. За таа цел се преземаат мерки за ублажување на ефектите од пандемијата на краток рок, како и планирање за економски раст на среден и долг рок.

Претседателот на Стопанска комора, Азески осврнувајќи се на соработката со Владата потенцира на заедничката посветеност за навремена имплементација на антикризните мерки за ублажување на ефектите од пандемијата и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата покрај тековните предизвици ја искажа важноста од системско решавање на истите, како неодамнешното потпишување на договорот на Владата за слободна трговија со Обединетото Кралство кој ќе почне да се применува од 01.01.2021 година. Истото е од голема важност за компаниите кои соработуваат со Обединетото кралство, односно домашните компании кои се извозно ориентирани, а кои одредени репроматеријали и полупроизводи увезуваат од Велика Британија.

На состанокот, секој во својот домен, дискутираа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик -министерот за финансии Димитар Ковачевски, директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски, како и директорите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

Во поглед на подобрување на условите за работа, неодамна, Владата донесе одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи и компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи.

Со оваа одлука се прифати во период од една година да се намалат на ниво на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија. Целта е да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ