• Latest

Влада: Остануваме најголем поддржувач на домашните компании

July 6, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Влада: Остануваме најголем поддржувач на домашните компании

July 6, 2021 21:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата останува најголем поддржувач на домашните компании и партнер на бизнис заедницата во креирањето и спроведувањето на економски политики со цел обезбедување подобри услови и подобри закони, раст на БДП и отворање нови работни места“, рече премиерот Зоран Заев на денепната попладневна повеќечасовна работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија.

Заев на средбата која се реализира на покана на Комората, беше со својот економски тим: вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Сакам денеска да ви испратам порака, дека од Владата ја имате постојаната поддршка. Нашиот фокус е на домашните компании кај кои гледаме огромен потенцијал во обезбедувањето нови работни места, постојана плата и пораст на бруто домашниот производ (БДП). Ваквите средби се добредојдени, бидејќи треба заедно да ги лоцираме тешкотиите во вашето работење и да ги отстраниме“, рече премиерот.

На средбата се разговараше за повеќе мерки кои за Стопанската комора се приоритетни и чија имплементација, како што беше нагласено, ќе се следи. Претставниците на компаниите повторно побараа навреме да се прецизира временската рамка за измени во даночниот систем, односно измените во сферата на даночните давачки да се носат и комуницираат со јавноста најдоцна до 30 јуни тековната година. Стопанската комора предложи донесените измени да имаат одложено дејство – да почнат да важат од 1 јануари наредната календарска година.

И бизнисмените и Владата се согласија дека една од клучните мерки за обезбедување зголемени инвестиции е кратењето на сите административни бариери при издавањето градежни дозволи потребни за компаниите.

Заев и членовите на Владата информираа дека се преземаат мерки и се носат одлуки со цел реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година.

Стана збор и за унапредување на работењето на УЈП, како и на останатите државни институции кои имаат инспекциски надлежности, јакнење на капацитетите и дигитализација.

Како една од главните стратешки определби на Владата беше истакната реализацијата на националниот гасоводен систем при што двете страни на средбата се согласија дека целосната реализација на овој проект е од исклучително значење за стопанството како краен потрошувач, кој на овој начин ќе добие поевтин енергенс, пониски трошоци и ќе се обезбеди заштита на животната средина и поголема конкурентност на странските пазари. И Владата и Стопанската комора се согласија дека е посебно важно при поврзувањето на регионалните гасоводни системи, како и при изградба на дистрибутивните системи за природен гас, да се стави приоритет на пуштање во употреба на веќе изградените гасоводни мрежи.

На одобрување кај бизнис секторот наиде повикот на премиерот Заев и неговиот економски тим, деловната заедница да се вклучи со вложувања во обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор, кои ќе придонесат за намалување на загадувањето, притоа потенцирајќи дека Владата со Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027, планира јавни и приватни инвестиции согласно сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата.

Бизнисмените изразија задоволство од Програмата за поддршка на инвестициите, притоа истакнувајќи ја потребата за запознавање на претпријатијата со можностите за користење на мерките за поддршка на истражувањето, иновациите и развојот за обезбедување поголема мотивација за нивна имплементација во конкретни производи.

На барање на бизнис заедницата премиерот Заев информираше дека Владата останува транспарентна и одлучна во борбата со лажните вести и се залага за искористување на сите капацитети во таа насока, со цел обезбедување демократска и слободна општествена средина.

Беше повторена и заложбата на Владата постојано да се носат мерки во насока на подобрување на инвеститорската клима, при што беше истакнато дека и во време на економско-здравствена криза извозот се задржа на 6,5 проценти, што е позитивна вест во однос на подобрување на севкупниот економски раст во државата. За таа цел се преземаат мерки за ублажување на ефектите од пандемијата на краток рок, како и планирање за економски раст на среден и долг рок.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ