Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев истакна дека помалкубројните етнички заедници како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите итн., ќе бидат застапени во сите институции, односно ќе има заменици министери, државни секретари, директори, раководители на големи и сериозни институции…
Тој додаде дека 90 отсто веќе се избрани замениците министри, но ќе бидат соопштени откако ќе биде изгласан составoт и програмата на новата влада, кои денеска беа доставени до Собранието на РСМ.
„Кога владата броеше 27 луѓе заедно со премиерот, тогаш имавме поголема можност за целосна застапеност, но искуството од трите години ни покажа дека не треба да се измислуваат министерски места за да биде задоволен поединец да биде министер или слично. Секој ресор во Владата постои заради граѓаните и сметам дека со ваквата поставеност подобро ќе им служиме и на ромската, влашката, турската, бошњачката заедница и на другите“, истакна Заев.
Д.М.