• Latest

Заев: Секој разговор за иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан е бесмислено

June 18, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Секој разговор за иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан е бесмислено

June 18, 2021 14:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања и затоа ние, како современи политичари, треба да гледаме напред и да бидеме насочени кон решенија. Кога станува збор за Северна Македонија, ние со Грција покажавме дека е возможно, и од процес на недоразбирање да излеземе како посилни пријатели. Верувам дека тоа е возможно и со Бугарија и затоа бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и ова наше уверување. Ја враќаме довербата меѓу двете држави, македонско-бугарскиот пријателски дијалог е повторно на сила, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан во Виена.

Како што напомена Заев, секој разговор за иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан, е бесмислено. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот.

Премиерот ја повтори пораката што претходно ја искажа на пленарната сесија на Самитот – 2021-ва да биде година за паметење во која ќе биде направен силен исчекор напред со почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, јасен европски прогрес за Србија и Црна Гора, како и чиста европска перспектива за Косово и БиХ. Така, напомена, ќе се испрати силна порака до граѓаните на регионот дека Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ.

-Оваа дебата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во ЕУ и во регионот. Утрово слетав во Виена од Софија каде вчера со премиерот и претседателот, Јанев и Радев, направивме голем европски исчекор. Ја враќаме довербата меѓу двете држави и нашите многу блиски, братски народа. Македонско-бугарскиот пријателски дијалог е повторно на сила. Верувам дека низ овој процес Западен Балкан на Европа наскоро ќе и донесе нова позитивна вест и барам поддршка од сите вас на тој пат, подвлече Заев.

Тој потсети дека во март лани Советот на ЕУ едногласно даде зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

-Вклучително и Бугарија потврди дека нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност се неспорни. Затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетските различности на нациите на европскиот континент, рече премиерот.

Според него, постојат јасни докази дека во земјите кои се сериозно ориентирани кон ЕУ реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и го подобруваат квалитетот на животот. Северна Македонија е добар пример за тоа. Владата на РСМ, дополни, останува на истиот стратешки колосек – испорача полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижи земјата и кон ЕУ.

-Сега имаме солидна поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан која мене лично ми ја потврдија повеќемина европски лидери и сите највисоки претставници на ЕУ за време на моите неодамнешни посети на Брисел и другите европски престолнини. Затоа, сега е многу важно, и во пресрет на конференцијата, иднината на Европа, политичките гласови за вредностите на обединета Европа, како во земјите-членки, така и во земјите за проширување, да бидат многу погласни, истакна Заев.

Тој уште еднаш повтори и дека јасната перспектива на земјите од Западен Балкан за остварување на нивните цели за членство во ЕУ значат одржување и засилување на темпото на спроведување на реформите на нивните општества.

Заев на Самитот учествуваше на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ