• Latest

Заев: Славењето на празникот Свети Сава е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување

January 27, 2021

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Славењето на празникот Свети Сава е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување

January 27, 2021 20:22
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва со видео обраќање на свечената академија, што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, го честиташе Националниот празник на српската заедница во нашата земја.

Во обраќањето до српскиот народ, соопшти владината прес-служба, премиерот Заев изрази искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба. Потенцира дека славењето на овој празник е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување и дека токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

– Ми претставува особена чест, во мое име, и во име на Владата и на македонските граѓани, да го честитам Националниот ден на Србите во Северна Македонија, Ден кој е посветен на еден од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Животот и делото на Свети Сава, особено неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негова лична морална определба, направија овој свет човек да се чествува од сите Христијани, без разлика во кои државни граници живеат. Затоа што тој така им приоѓаше на сите – како кон свои браќа, а не како странец кон странци. Славењето на овој голем празник, кој е од посебно значење за српската заедница, е потврда и за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кое го негуваме во Северна Македонија. Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите, истакна Заев.

Преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници, нагласи премиерот, ја одржуваме традицијата на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.

– Свети Сава е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони на српската држава. Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош, а со своето бесмртно дело и понатаму е посредник на сите во неволја. Тој е духовник на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ кога во својата духовна зрелост го креираат својот личен карактер, а со тоа и карактерот на својата заедница. Во тој дух ја гледаме и постапката на искрено подадената рака на пријателство и солидарност на Република Србија со отстапените вакцини како прва помош за нашите граѓани додека во земјата не стигнат договорените количини. Ја користам оваа прилика уште еднаш да кажам благодарам што го помагате нашето јавно здравје. Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден, додаде премиерот Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ