Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук напиша дека носењето на Законот за јавно обвинителство ќе ја гарантира европската иднина на државата.
„Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, напиша Заев.
Вчера во Собранието се одржава вториот и завршен ден од Јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, која ја свика Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
А. П.