– Двајцата соговорници на средбата разменија искуства и информации за справувањето со кризата од КОВИД-19, со фокус на имунизацијата и програмите за поддршка на граѓаните за ублажување на социоекономските последици од пандемијата. Во таа насока, Заев и Тегелтија се согласија дека е неопходно колку што е можно поскоро Брисел да го обезбеди ветениот пристап до дополнителните фондови на ЕУ наменети, меѓу другото, и за поддршка на програмите за справување со корона-кризата.
На средбата беше истакната и заедничката заложба за интензивирање на билатералната и на регионалната соработка со цел подобрување на животниот стандард на народите во регионот.
– Двете земји, истакнаа Заев и Тегелтија, се традиционално поврзани и преку блискоста на народите, а Бошњаците, како составен и витален дел на општеството во Северна Македонија, се силна алка во поврзувањето со Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението на Владата.












