Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, премиерот Зоран Заев изрази цврсто убедување дека ќе победат на изборите.
„Секако, тоа е одлука на граѓаните. Тргнувам од впечатокот за тоа што е постигнати во овие две и пол години, каква е алтернативата, односно што нудат нашите опоненти и определбата за идниот раст и развој на нашата земја“, изјави Заев.
Што се однесува до ветинго, Заев изјави дека тој може да стартува, на со претходно јасно утврден модел каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување.
„Конечна цел е да направиме едно комплетно растресување и промена на менталното однесување во правосудството. Тоа паралелно треба да се случува и со државната власт, но би рекол и во други сегменти во општеството“, рече Заев во интервјуто за РСЕ.