Толку се радувам на слободата и демократијата што апсолутно верувам дека таа придобивка, таа вредност е трајно добра. Има прв круг и знаеме дека двајца ќе поминат во првиот круг, ако ја имаме таа чест и заслуга граѓаните да ни дадат дозвола на нас да одиме во вториот круг, верувам дека ќе победиме, изјави премиерот Заев, кој денес на прес со новинарите во својство на претседател на СДСМ беше праша да коментира за претстојните локални избори.
—
Заев изрази верување, како упатен политичар, запознаен со истражувањата и резултатите, дека се доволна причина во ваква конкуренција владејачката СДСМ да добие шанси и за Градот Скопје и за во огромно мнозинство во општините ширум државата.
„Но верувајте дека во едно време кога имавме само лева и десна страна на понудата, така да ги кажеме како левица и десница, денеска е убавина кога можеме граѓаните да им понудиме една лепеза на кандидати секакви, од сите профили, со соодветен свој бенграунд или сл. И навистина овде добиваат сите. И апсолутно немам намера ниту да се конфронтирам, ниту некоја тегоба да носам од оваа работа заради тоа што тоа е убавината на демократијата. А фала и на слободата да можат луѓето да се охрабрат за да можат да одат со свои кандидатури“, истакна Заев пред новинарите.
Тој рече дека од сите што ќе нема да добијат чест да одат во вториот круг (кандидат), ја очекува поддршката во вториот круг, затоа што, според него, „голем дел се приврзаници на политиките во коишто веруваме, а пред се политиките коишто ја гарантираат извесната иднина на целиот наш народ и на нашата земја“.