• Latest

Загајевски: Поезијата е за мали но влијателни групи луѓе

August 26, 2018

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Загајевски: Поезијата е за мали но влијателни групи луѓе

August 26, 2018 09:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Тивок и повлечен човек, вака сам се опишува добитникот на највисокото признание „Златен венец“ на 57. Струшки вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски. Во ексклузивно интервју за МИА говори за моќта на поезијата, егзилот како најзастапена тема во неговото творење, но и за впечатоците од Македонија и фестивалот.

Што значи наградата „Златен венец“ за Вас, како ја доживеавте?

Тоа е знак за признание. „Златниот венец“ е една од најубавите награди во Европа и целиот свет. И поетите се човечки суштества, па се радуваат на добри вести. Среќен сум што се вброив во листата со големи поетски имиња, некои од нив добитници и на Нобеловата награда.

Адам Загајевски Полска

Претпоставувам дека сте слушнале за последниот настан, церемонијата кога ќе ви биде врачено признанието „Златен венец“ на манифестацијата „Мостови“. Какво е вашето мислење за овој настан?

Сум читал за настанот и ми се допаѓа неговата симболика. Мислам дека е многу убав симбол на сплотување, на заборавање на разликите. И го видов мостот… бев на прошетка со некои луѓе кои беа тука првпат, но знаев на кој мост би бил настанот и реков – видете, ова е типичен мост на поезија.

Од каде црпете инспирација за творење?

Секогаш различно. Некогаш ме инспирира музичка композиција, другпат лицето на некоја жена или маж. Тоа не значи дека пишувам песни секој ден. Нема правило, нема систем. Може да се случи спонтано да дојде од воздухот. Забележав дека инспирацијата полесно доаѓа кога не си никаде, како во воз. Или во авион. Кога си надвор од редовниот систем на живеење, на работење. Би рекол дека најдобро е во воз.

Адам Загајевски

Живееме во едно турбулнетно време. Според вас колкава е моќта на поезијата за рушење на јазичните бариери?

Поезијата е само за мали групи луѓе. Единствената утеха е дека овие мали групи се доста влијателни. Тие пренесуваат. Се работи за писатели, новинари, професори, па таквото пренесување е доста нормално во општеството. На повозвишените работи им треба подолго да се пренесат. И на тој начин поезијата има некакво влијание во рушењето на јазичните бариери, но секако тоа не е огромно.

Дали и колку поезијата може да направи културен мост меѓу народите?

Да, може. Но повторно, само меѓу мали групи на луѓе. Мали групи кои не се дефинирани престрого. Ми се случува да добијам електронска порака од некој од Индија или Кина во која ми кажува дека му се допаѓаат моите песни и секако тоа нема влијание на интернационалната ситуација. Немам илузии. Но, тоа е барем човечки знак за некаква солидарност. Знаете, знак дека во секоја држава има луѓе кои умеат да се приклучат на добар разговор. Но, немам илузии дека тоа би го сменило светот. Не очекувајте од мене таква изјава.

Адам Загајевски СВП 2018

Егзилот е една од главните теми во вашата поезија. Кога бевте повеќе мотивирани да пишувате за егзилот, кога живеевте во него или сега кога живеете во Полска?

Па, има две работи. Едната е на некој начин од техничка природа, каде да се биде за да се пишува. Кога реков „во воз“, не морам да сум надвор од Полска, може да биде воз меѓу Краков и Варшава, кој впрочем е навистина добар воз. Имало моменти како на пример, додека неколку години предавав во САД, еден семестар годишно во Хјустон, Тексас, напишав многу песни. Ми се допаѓа оти е толку неевропско место. Различно е од тоа што го знам, имаше некаков парадоксичен ефект на мене да пишувам, но повеќе не одам во Хјустон па ете…

Првпат сте во Македонија. Кои се вашите впечатоци?

Можам да кажам дека ја знам Македонија и ги знам луѓето од фестивалот. Сите се многу пријателски расположени и целата атмосфера на фестивалот е прекрасна. Ако целата држава Македонија е како фестивалот, тогаш таа е преубаво место.

Садење дрвце на СВП 2018

Какви беа вашите очекувања? 

Па не знам. Немав конкретни очекувања. Претходните години гостував на фестивали. Ми се чини дека сум престар за фестивали. Фестивалите се за млади луѓе. Јас веќе не сум толку млад. Исто така проблемот со фестивалите е што јас сум повлечен човек, сакам да сум сам, а одненадеж ве фрлаат во толпата, го поминувате речиси цел ден со други луѓе. Значи проблематично е, но по некое време почнува да ви се допаѓа и ми се допаѓа тука.

И за крај кој е Адам Загајевски, во неколку реченици?

Па, ви кажав, јас сум повлечен човек… Повлечен човек, кој ги сака луѓето, па не сум, знаете, мизантроп. Малку сум и фамилијарен човек, но не премногу. Сакам музика, слушам музика, сакам долги прошетки, се што би очекувале од поет. Не сум многу посебен. Такви се поетите, сакаат музика, сакаат прошетки, сакаат да читаат книги, а и јас многу сакам да читам книги. Па ете, јас сум мошне неинтересен претставник на родот поети.

Адам Загајевски

Слаѓана Стојкова Костоски за МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ