• Latest
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025 10:18
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Share on FacebookShare on Twitter

Градското собрание на Загреб вчера усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот.

Како што пренесува МИА, одлуката се однесува на површините управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување настани.

Советниците рекоа дека целта е да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза, насилство и ексклузивност, објави Индекс.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, денеска изјави дека употребата на усташки симболи во просторите управувани од Градот Загреб ќе биде забранета, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по промовирањето на усташките во своите песни, сепак ќе се одржи на 27 декември, бидејќи претходно е потпишан договор за него.

Претседателката на клубот на советници „Можеме“, Ива Ившиќ, истакна дека заклучокот се темели на антифашистичките вредности на Уставот на Република Хрватска, како и на ставовите на Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права.

„Уставниот суд јасно наведе дека „За дом спремни“ е усташки поздрав на Независната Држава Хрватска и дека не е во согласност со Уставот, додека Европскиот суд за човекови права во случајот „Шимуниќ против Хрватска“ утврди дека неговата јавна употреба не е заштитена со слободата на изразување, бидејќи поттикнува омраза“, потсети Ившиќ.

Таа нагласи дека одлуката не се однесува на забраната за уметност, музика или слободата на изразување, туку јасно ја поставува границата дефинирана со член 39 од Уставот на Република Хрватска, кој забранува поттикнување на национална, расна или верска омраза и насилство.

„Во Градот Загреб, не сме загрижени дали ќе има концерт или не, туку што е неуставно – а тоа е усташкиот поздрав „За дом спремни“. Ако има, тоа ќе биде одлука на Томпсон и неговиот менаџмент“, рече Томашевиќ претходно денеска.

Градоначалникот Томашевиќ изјави дека секој што смета дека заклучокот на Градското собрание е нелегален, може да користи законски механизми за да го оспори.

 

Tags: Загребзбранет усташкиот поздрав „За дом спремни“Хрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ