Ред е сега да се донесе Закон за амнезија.
Мој предлог амандман:
„Сите граѓани на Македонија се задолжуваат да ги заборават сите глупости, лаги, кражби, насилства и силувања на здравиот памет на граѓаните направени од сите политичари, во сите години од осамостојувањето до денес, а и на потезите што ќе ги прават во иднина.
Задолжително е обновување на заборавањето барем еднаш месечно, а по потреба и почесто.
За оние кои нема да го почитуваат законот и ќе се осмелат да памтат, ќе следуваат затворски и парични казни кои ќе бидат изрекувани со посебни уредби донесени од политичарите, за секој незаборавач поединечно.
Проверка на почитување на законот ќе се врши на секои четири години за време на редовните избори, а по потреба и почесто.“
фејсбук статус на Фросина Митрушева