• Latest

Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР

February 11, 2018
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР

February 11, 2018 09:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за финансиска подршка на инвестиции со кој ќе се применуваат мерките од владиниот план за економски раст е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„Со законот се регулира финансиската подршка на инвестициите во државата врз основа на начелата на транспарентност, еднаков третман и јавност“, се наведува во описот на законот.

Целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето.

На веб страницата на ЕНЕР е наведено дека Предлог законот треба да биде подготвен до 1-ви следниот месец.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, за законот во кој се формулирани мерките од Планот за економски раст  до крајот на следниот месец треба да заврши и собраниската процедура по што ќе биде имплементиран.

„Роковите ќе бидат запазени и тоа ќе биде компатибилно со поднесување на завршните сметки на компаниите што треба да  бидат поднесени до крајот на месецов. Потоа сите компании во земјава ќе можат да партиципираат за државна помош врз база на завршната сметка  за 2017 година“, изјави неодамна Анѓушев.

Законот, појасни, се носи за да нема потреба со секоја компанија поединечно  да се потпишува договор како што беше досега.

„Со него ќе биде одредено точно што треба да добие секоја компанија. На тој начин компаниите ќе имаат предвидлива ситуација и нема да зависат од волјата и субјективната желба на никого и однапред ќе можат да имаат проекција за своите инвестиции и како ќе бидат помогнати од државата“, рече Анѓушев.

За да не се спречи функционирањето на компаниите и нивното инвестирање во ТИРЗ се додека не се донесе законот, нагласи, и понатаму поединечно со сите компании ќе се потпишуваат  договори во согласност со одлука на Влада, но не со дискрециски права, туку по истите мерки што се предвидени во Економскиот план. Таков, како што кажа, е и договорот што е потпишан со турската компанија Чагатај кабло која инвестира во ТИРЗ Скопје 1.

При презентацијата на Планот за економски раст Владата најави дека со него се нудат исти, транспарентни услови за домашните и странските инвеститори.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Странски инвестиции под лупа“економијазаконподдршка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ