• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Законот за ЈО без договор оди во Собрание

August 23, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за ЈО без договор оди во Собрание

„Најдобра опција е консензусот да се прави во Собрание. Пратен е текстот и добро е сите пратеници што имаат забелешки да поднесат амандмани“, наведуваат од Министерството за правда.

August 23, 2019 08:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание каде е закажана седница за вторник, иако засега се уште нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Од Министерството за правда за МИА велат дека засега нема закажно нова средба, иако претходно беше  најавено дека разговорите ќе продолжат неделава. Сметаат дека компромисот треба да се гради во Собранието.

„Најдобра опција е консензусот да се прави во Собрание. Пратен е текстот и добро е сите пратеници што имаат забелешки да поднесат амандмани“, наведуваат од Министерството за правда.

Министерката за правда Рената Дескоска, неделава во интервју за еден дневен весник кажа дека каменот на сопнување во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство не е Катица Јанева туку барањето за затворање на постапките кои се почнати од СЈО по периодот од првите 18 месеци и уништувањето на дотогаш собраните докази.

Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.

Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека пак опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, вчера прашан дали доколку пропаднат преговорите би учествувале во изготвување на нов Закон за ЈО, рече дека треба да им се даде шанса на преговорите.

„Да им дадеме шанса на преговорите, да видиме како ќе се развиваат и како ќе постапат преговарачките групи. Веднаш штом имаме резултат, односно исход од нивните преговори ќе имаме и подоцна став кој ќе бидат нашите следни чекори“, изјави Арсовски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, смета дека е важно доколку во следниот период се најде компромис со опозцијата за да се донесе законот за ЈО и на тој начин, да се создаде институција која не само што ќе ги расчисти целосно дилемите кои произлегоа од прислушуваните разговори, туку во континуитет ќе продолжи да се бори со корупцијата на високо ниво.

Во однос на правната празнина околу именувањето на наследникот на Катица Јанева, Османи рече дека нема да се впушта во правно толкување на одредбите од законот, но дека најдобар одговор е компормис меѓу политичките чинители за трајно решение за СЈО преку новиот закон за ЈО.

„Сметам дека во услови на таква сензитивна, кризна ситуација и изразито ниво на недоверба во институциите најдобар и најодржлив лек е компромисот и консензусот помеѓу чинителите во општеството. Унилатералните решенија може да бидат вовед и во дополнителни влошувања на ситуацијата. Празнината во однос на продолжување на функционирање на институцијата може да има и потешки последици во однос на унилатералноста. Во моментот е најдобро решение доколку Советот на јавни обвинители со Собранието смогнат сили привремено да ја покријат празнината согласно законските одредби, но уште поважно е да најдеме трајно решение за СЈО преку новиот закон за ЈО“, рече Османи кој повтори дека тоа е можно бидејќи разликите не се ненадминливи и со малку подигнување над партиските интереси имајќи го предвид очекувањето на одлука за датум во октомври.


Извор МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ