• Latest

Законот за попис на гласање пред пратениците

January 21, 2021
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за попис на гласање пред пратениците

January 21, 2021 09:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денeска треба да одржи продолжение на 29. седница, на која се очекува да се гласа за Предлог законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, 2021, по скратена постапка, пренесува МИА.

Расправата за Предлог законот во Собранието, со кој треба да се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари. Тогаш беше најавено дека за законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

Освен владејачката коалиција поддршка за законот најавија и од албанската опозиција, Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот е опозициската ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе бара негово поништување преку собирање граѓански потписи.

Премиерот Зоран Заев вчера  изјави дека СДСМ и другите коалициски партнери, вклучувајќи ја и ДУИ, остануваат целосно посветени на успешно спроведување на пописот. Се надева дека многу скоро во Собранието ќе биде донесен Законот за попис, а однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го окарактеризира како смешно, неодговорно и неразумно. 

– СДСМ, така и другите коалициски партнери, но секако и вториот коалициски партнер ДУИ, остануваат целосно посветени на успешното спроведување на пописот на неговата афирмација во делот на спроведувањето и на негова поддршка. Тоа се однесува на поддршка не само на политичката партија ДУИ туку и на претставниците во Парламентот, во Владата и во институциите и на крајот, со апелот кон сите граѓани за поддршка на самиот попис. Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која на крајот ќе ги покаже податоците што ќе бидат релевантни, стопроцентно точни и ќе ни помогнат за креирање на многу економски политики, рамномерен регионален развој, соодветни политики во сите сектори, образование, култура, здравствена заштита, рече Заев на прес-конференција во Владата. 

На дневен ред на продолжението на 29. седница на Собранието  се и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, Предлог на законите за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство,  сите по  скратена постапка.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, Предлог законот за изменување и дополнување на Законoт за заштита на културното наследство, како и Предлог законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена постапка, исто така се дел од точките на 29. седница на Собранието. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ