• Latest

Законски измени за извршителите, вработувања, труд и социјала, техничка влада… 

January 17, 2020

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Законски измени за извршителите, вработувања, труд и социјала, техничка влада… 

January 17, 2020 17:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Закон за извршување кои вчера беа усвоени. Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук-профил објави дека измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денеска на прес-конференција ги презентираа резултатите од реализацијата на Оперативниот план на програми и мерки за вработување за 2019 година, и изјави дека имплементацијата на оперативниот план за вработување придонела за намалување на процентот на невработеност во земјава и може да се каже дека тој денеска изнесува 17,1 процент по последните статистички податоци.

Мила Царовска

Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена на првиот парламентарец Талат Џафери. Претходно денеска претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска ја презентираше оваа стратегија пред медиумите.

Заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ за ЦИВИЛ Медиа вели дека техничката министерка Рахела Мизрахи самата потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија ВМРО ДПМНЕ го остави Специјалниот завод Демир Капија велејќи: „На почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 негуватели. Тоа значи еден негувател секој ден се грижел за 6 корисници“.

Санела Шкријељ

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за порталот МКД.мк изјави дека неговиот впечаток е дека техничката влада почнала на многу лош начин да функционира и дека не настапила како тим. Тој вели дека актуелната политичка структура најмалку испорача или најмногу потфрли во сферата на правосудството, иако, како што вели, состојбата во нашето правосудство денес е неспоредливо подобра во смисла на политичко мешање и менаџирање случаи, во споредба со, како што вели, она што го имавме до 2016 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ