• Latest

Шкријељ: Министерка Мизрахи потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија го остави Специјалниот завод Демир Капија

January 17, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шкријељ: Министерка Мизрахи потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија го остави Специјалниот завод Демир Капија

Во Специјалниот завод Демир Капија, денеска еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест - состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот. Дополнително, сакам да истакнам дека 21 поранешен корисник на Специјалниот завод Демир Капија се сместени во пет групни домови, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица. Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи - „еден негувател на еден корисник“.

January 17, 2020 11:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ за ЦИВИЛ Медиа вели дека техничката министерка Рахела Мизрахи самата потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија ВМРО ДПМНЕ го остави Специјалниот завод Демир Капија велејќи: „На почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 негуватели. Тоа значи еден негувател секој ден се грижел за 6 корисници“.

Шкријељ појаснува дека со деинституционализацијата, фокусот го ставија на децата под 18 годишна возраст.

„На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денеска нема ни едно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната. Кога на почетокот на мандатот, тогашната министерка Мила Царовска најави дека во земјава нема да има деца во институциите до крајот на 2020 година, многумина велеа дека тоа е „невозможна мисија“. Невозможната мисија ја остваривме една година пред рокот!

Ако зборуваме конкретно за Специјалниот завод Демир Капија, денеска во заводот се сместени 189 лица, за кои се грижат 40 негуватели. Денеска еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот. Дополнително, сакам да истакнам дека 21 поранешен корисник на Специјалниот завод Демир Капија се сместени во пет групни домови, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица. Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – „еден негувател на еден корисник“. Поради создавање на похумани услови за корисниците за периодот додека не се преместат да живеат во локалните заедници, во ноември минатата година започнавме реконструкција, односно санација на сите објекти каде моментално има сместени корисници, во вредност од 10,5 милиони денари.

Единствено заради негрижата од единаесет годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ и комплетната игнорирањето на оваа категорија на лица, во изминативе две и половина години силно го интензивиравме процесот на деинституционализација. Од вкупно 482 корисници кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјава, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување за повеќе од 44 отсто“, додава Шкријељ.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ