По вчерашниот протест пред Турската амбасада во Скопје против одлуката на Владата на Република Македонија да додели на финансиска поддршка, дел од програмата за поддршка на печатени медиуми за 2018 година, на весникот „ЗАМАН Македонија“, весникот излезе со соопштение дека се откажува од владината поддршка.
„Целосно лудило се обидите да се нанесе штета врз „ЗАМАН Македонија“ поради обидот за воен удар во 2016 година. Тврдењата на турската влада во врска со споменатиот воен удар не се прифатени од ниту еден меѓународен и независен суд, а турската влада цело време го одбива предлогот за меѓународна истрага во врска со воениот удар. Обидот да се поврзе „ЗАМАН Македонија“ со обидот за воен удар, е целосен доказ дека се невини илјадниците турски граѓани чии животи се уништени поради неосновани обвиненија.
Особено сме разочарани поради лажните тврдења дека македонската Влада со субвенцијата го поддржува тероризмот. Сметаме дека во оваа лага не веруваат ниту самите тие што ја изнесуваат“, се вели во нивната реакција.
Весникот одлучува доброволно и неповратно да се откаже од владината помош и да ги врати средствата.
„Со цел да ги уништиме сите обиди на некои кругови да нé престават како причина за затегнати односи помеѓу двете земји, одлучивме да се откажеме од споменатата владина субвенција“, велат од „ЗАМАН Македонија“.
Владата соопшти дека ќе ја испочитува одлуката на весникот.
„Владата и понатаму останува на својата цврста определба за почитување и поддршка на слободата на медиумите и слободата на изразување на граѓаните“, се вели во владиното соопштение некометирајќи ги обвинувањата за тероризам.
Како што објави Агенцијата Анадолу, Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагирале сметајќи дека одлуката на македонската влада е нерпифатлива и дека ќе ја преиспита, земајќи ги в предвид долгогодишните пријалтески врски.
Инаку како што пишува Анадолу, самиот весник бил поврзан со терористичката огранизација ФЕТО.
Од „ЗАМАН“ велат дека ќе останат верни на досегашната политиката за приближување на сите заедници во мултичничкото општество на Македонија, трудејќи се да ги истакнат заедничките вредности на сите култури во земјата.
Весникот излегува веќе 25 години на турски и албански јазик.
Б. Ј.