Демократската унија за интеграција вечерва го отвори штабот во Теарце и покрај забраната за одржување на јавни настани и средби.
Партискиот штаб е преполн со активисти и членови на партијата, а меѓу нив е и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој според партијата им давал насоки на активистите во врска со скандалозната акција на партијата #СеГрижиме.
Додека министерот за здравство Венко Филипче не ја пропушта секоја прилика да апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките, заменик министерот за внатрешни работи очигледно ги охрабрува и заедно со својата партија ги става во опасност своите членови и поддржувачи, но и сите граѓани во земјата.
М. И.