• Latest
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Замрзната сметката и имотот на Рашковски и на неговите деца

July 6, 2021

24 ЧАСА: Шест европски организации со повик за одбрана на медиумските слободи; Зеленски – Безбедносните потреби на Украина го надминуваат корејското сценарио; Вучиќ ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025

ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

September 4, 2025

ДИК: ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

September 4, 2025
Горан Стојанов, градоначалник на Неготино /  фото: Општина Неготино

Градоначалникот на Неготино пријавил заканувачки пораки

September 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за воведување на вештачка интелигенција во образованието?

September 4, 2025
Седиштето на НАТО во Брисел (фото: Џ. Д. / Цивил)

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ најави можна набавка на оружје од Кина и ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025
Руски напад врз областа Донецк предизвика пожар, кој ја погоди цивилната инфраструктура на 4 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 15 убиени цивили, 26 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден

September 4, 2025

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

September 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Замрзната сметката и имотот на Рашковски и на неговите деца

July 6, 2021 16:06
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје, донесе одлука да го замрзне имотот и сметката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, како и на неговите две малолетни деца. Според Кривичниот суд, одлуката е со цел, „да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка“.

Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари.

„Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, донесе Решение за привремена мерка, со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник. Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен, судијата на претходна постапка определи привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари“, соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Истовремено, претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​

Рашковски беше приведен на 16 април годинава, во рамки на истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци. За него се води постапка под сомнение дека, како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци, иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користиле софтверот. Тој во истражниот затвор, односно во притвор, беше задржан неполни два месеца. Првично на Рашковски му беше изречен куќен притвор, но по жалбата на обвинителството, на 21 април решението беше преиначено во ефективен притвор. Истрагата беше проширена за уште една јавна набавка на друг софтвер, а на 4 јуни, Апелациониот суд донесе одлука тој да биде пуштен од ефективен притвор во куќен притвор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ