Деновиве, Министерството за внатрешни работи во повеќе градови спроведува засилени контроли и акции за откривање на нелегална продажба на пиротехнички средства.
Полициски службеници од СВР Велес денеска, по претходно добиени сознанија, во продавница во Велес, сопственост на С.Ч. (50) пронашле и заплениле околу 2200 парчиња пиротехнички средства. Како што соопшти МВР, С.Ч. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Во текот на вчерашниот ден, во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола, полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. На пазарот, и кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња. Во близина на Центарот за култура во Битола, пак од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71 парче. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ц.Д