• Latest

Започнува дводневниот самит на иницијативата „Отворен Балкан“

June 7, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Започнува дводневниот самит на иницијативата „Отворен Балкан“

June 7, 2022 09:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Охрид денеска започнува дводневниот самит на иницијативата Отворен Балкан на кој ќе учествуваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Дмитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Учество на самитот најавија и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид.

За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија,, претседателот на Србија, премиерот на Црна Гора  и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.

Според агендата, утре предивдени се официјални обраќања на самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи и заменик поошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На пленарната сесија „Отворен Балкан отворен туризам“ предвидени се обраќања на вицепремиерот задолжен за еконоски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ. Свои ставови ќе споделат претставниците на стопанските комори, а можност за дебата ќе имаат и директори на институции, тур-оператори, хотелиери….

На пленарната сесија посветена на Отворена култура на Отворен Балкан ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити и вицепремиерката и министер за култура и информации Маја Гојковиќ.

Можност за дискусија ќе имаат претставници на културни институции, директори, културни работници, продуценти…

На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација.

Иницијативата Отворен Балкан предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ