• Latest

Започнува првата фаза за креирање на Националната развојна стратегија

February 11, 2021
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Започнува првата фаза за креирање на Националната развојна стратегија

February 11, 2021 14:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денес остварија средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кого го информираа за започнување на првата фаза на проектот Национална развојна стратегија 2021- 2041. Првата фаза од креирањето на овој стратешки документ ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје, со техничка поддршка од страна на Организацијата на Обединетите нации преку УНДП, а  ќе резултира со методологија и оперативна структура која ќе се примени при развивањето на стратегијата, што ќе претставува втора фаза на проектот.

Методологијата ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни. Со тоа ќе се овозможи Националната развојна стратегија да отслика меѓугенерациски, родов, меѓутнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе. Во рамки на овој проект исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси  кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој, а ќе се развие и комуникациска стратегија и електронска платформа, за да се вклучат размислувањата на што повеќе клучни чинители во процесот.

Во воведното обраќање вицепремиерот Битиќи истакна: „За ова заедничко патување се зборува во последните 25 години, време е да почнеме со лет. За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, затоа важно е да постигнеме консензус, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани.“



Амбасадорката Галовеј ги потенцираше бенефитите од креирањето на ваква долгорочна стратегија.

„Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките од креирањето на план за развој кој овозможува консензус при носењето на одлуки и закони во насока на поддршка на долгорочната стратегија“, кажа Галовеј.

Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак ја истакна заложбата на целото семејство на ОН во земјата да обезбеди техничка поддршка и експертиза за процесот, каде што ќе биде потребна. Постојаната претставничка на канцеларијата на УНДП Нарине Сахакјан  ја потенцира комплексноста на самиот процес кој за да биде одржлив треба да почива на два важни принципи – да е донесен консензулно, да биде иновативен  и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја поддржа иницијативата потврдувајќи ја нејзината значајност за благосостојбата на државата на долг рок. Тој ја даде заложбата на активна вклученост на Собранието во процесот и донесувањето на стратегијата.

„Ова ќе биде јасно патување, врз јасни и прецизни основи со широка опфатност. Сите треба да се заложиме оваа долгорочна развојна стратегија да ги опфати сите карактеристики и потреби на земјата.“, заврши Џафери.

Во Управниот одбор на телото кое ќе го спроведува процесот, членуваат сите четири заменици претседатели на Влада, со што се покажува посветеноста на Владата кон овој важен процес, како  и претставници на ОН и Британската амбасада, а составот ке се проширува и ќе вклучува и други чинители во нашата држава.

Во духот на  инклузивност и консултација, кој треба да биде главна одлика на оваа методологија, во следниот период сите релевантни чинители ќе бидат поканети да бидат дел и да се вклучат во процесот, а дигиталната платформа која ќе биде воспоставена наскоро, ќе овозможи широко учество и можност и граѓаните да дадат свој придонес со своите идеи.

Ова е прва работна средба поврзана со процесот на информирање на клучните политички чинители, институции и организации, кои треба да бидат вклучени во процесот на креирање на долгорочната Национална развојна стратегија, а  во кус временски период се планира да се реализираат средби и со Претседателот на државата, Стево Пендаровски, со Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев,  како и со низа други чинители како што се локалните власти, партиите, стопанските комори, синдикатите, професионалните асоцијации, граѓанските организации и други.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ