Косовската гранична полиција на преминот Јариње на границата со Србија, запрела автобус од Србија во кој открила рачни гранати, информира јавниот обвинител од Митровица Шукри Сулија, нè информира Илир Ајдини, новинар и политички аналитичар.
Според обвинителот Сулија, во автобусот имало 57 патници, а приведени се три лица.
Автобусот бил со регистарски таблички од Крагуевац, а во него се најдени две рачни гранати, кои биле деактивирани од страна на специјалната единица на косовската полиција.
Според невладината организација Демократија на дело, која ги набљудува изборите со над 60 набљудувачи до 12 часот излезноста е 14,62%.
„До сега се забележани 26 обиди за гласање на исти лица повеќе пати. Има 401 пријава од граѓани кои не можеле да се најдат на избирачкиот список“, изјави Алберт Красничи од огранизацијата Демократија на дело.
Маја Ивановска