Вториот круг на локалните избори во Македонија, помина во слободна и демократска атмосфера со неколку помали нерегуларности забележени од набљудувачките тимови на ЦИВИЛ.
Според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ од терен засилено полициско присуство е забележано низ цела територија на државата . Таков пример е општината Сарај, каде нашиот набљудувач забележал оклопни транспортери кои кружеле низ селата Свиларе, Кондово и Ласкарци.
Вулнет Махмути