• Latest

Затворено писмо до проф. Димче Коцо по трет пат: Кога живите молчат покојните се погласни

August 7, 2019
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Затворено писмо до проф. Димче Коцо по трет пат: Кога живите молчат покојните се погласни

Агрон Биба е освежување во хаосот кој нема комплекси кон поранешните и сегашните грешници и си ја тера работата како што требит. Неговото отворено писмо до УНЕСКО и МПЦ е литерарен подвиг при што ги повикува УНЕСКО и МПЦ на мое сведоштво и на мој текст напишан и објавен пред речиси две децении што особено ме заинтеригира како тој тоа го доживеал што ми дава надеж дека не било сè залудно, дека не сме пишувале на мраз. Ако само еден човек памти новински текст од пред 18 години и сега го повикува УНЕСКО како доказ за автентично сведоштво со замолница да го преобјавам текстот за да се види кога и од кого почнало скрнавењето на Охрид.

August 7, 2019 11:48
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Tекстовите на Агрон Биба ги читам со задоволство. Еден е од малубројните автори кој успева да биде оргинален и автентичен во земјата каде сите станаа новинари, аналитичари, експерти и колумнисти. На прсти можат да се избројат луѓето кои во оваа џунгла на лаги и манипулации, на пациенти заразени од страотна епидемија на партиски политики, на примитивизам и простотилак, на национализам и шовинизам ја загадуваат непречено и неказниво човековата околина, кои се обраќаат дење ноќе до срамните тв емисии, го поздравуваат водителот и емисијата и сеат слободно отров во име на демократијата потврдувајќи ја трагичната вистина зошто сме таму кај што сме и зошто во Македонија ништо не може да се заврши без голема мачнотија и омраза. Ете затоа во овие времиња, прво на еуфорија и големи надежи, па на режим, а потоа на пострежимски период кога „не знаеме што да правиме со слободата“, најзначајни се авторите кои водат епска војна против заостанатоста и провниционализмот, против незнаењето и шовинизмот, против криминалот и корупцијата, против бедата и сиромаштијата, тоа се мислечки и здраворазумски луѓе кои се за европеизација на Македонија во секоја смисла што ја означува оваа определба и овој збор „европеизација“.

Во режимите и диктатурите секогаш има малку храбри луѓето кои се осмелуваат да се издигнат над стравот и со зборови кои сечат како мачета да ја покажуваат патеката на излезот. Во слободата и демократија пак кога се кревки се соочуваме со наездата на тие што го носеа со леснотија и радост цела деценија товарот на срамот, кои молчеа, или работеа за режимот, го величаа вождот, измислуваа предавници и непријатели, плукаа и валкаа сè што ќе се испречеше на патот на арамиската власт која повеќе од една деценија владееше без контрола, тое се истите дворјани кои сега кога јавното бербатење е слободно сакаат да бидат јунаци и да го истурат својот срам и своите злодела во туѓ двор, да се растоварат од своето ѓубре. Таквите „лажњаци“ повторно ја деградираат не само човековата околина, туку и човекот.

Агрон Биба е освежување во хаосот кој нема комплекси кон поранешните и сегашните грешници и си ја тера работата како што требит. Неговото отворено писмо до УНЕСКО и МПЦ е литерарен подвиг при што ги повикува УНЕСКО и МПЦ на мое сведоштво и на мој текст напишан и објавен пред речиси две децении што особено ме заинтеригира како тој тоа го доживеал што ми дава надеж дека не било сè залудно, дека не сме пишувале на мраз. Ако само еден човек памти новински текст од пред 18 години и сега го повикува УНЕСКО како доказ за автентично сведоштво со замолница да го преобјавам текстот за да се види кога и од кого почнало скрнавењето на Охрид.

Драг Агроне и двајцата како и многу други знаеме дека не е можно да се одреди точниот датум кога почнало да се урива и обезличува клутурното наследство не само на Охрид, туку на цела Македонија, но сигурно е тоа многу порано отколку што сега се открива во изградбата на една незаконски поставена пицерија која јас и ти и газдата ќе ја урнеме со голи раце за два часа ако тоа го спасува Охрид и Езерото да останат под заштита на УНЕСКО. Не знам дали е ова тој текст кој го паметиш и го бараш да се објави и да биде сведоштво за УНЕСКО, но избрав еден текст што ќе го преобјавам по трет пат оти за Охрид и тоа непроценливо културно и духовно наследство и за Езерото тој божји дар на природата имам напишано еден том текстови, но мислам дека во оваа пригода баш овој текст најмногу кажува иако првпат е објавен пред 15 години. Твоето писмо е отворено, а моето е озглавено како затворено. Насловот од текстот „Кога живите молчат мртвите се погласни“ подоцна го видов како поднаслов на еден познат македонски филм што исто така ми значи како и твојата „прозивка“. Еве и зошто:

Затворено писмо до проф Димче Коцо

„Почитуван  професоре иако одамна сте заминати на оној свет, одлучив да Ви се обратам јавно Вам бидејки Вашето молчење може да биде погласно и покорисно отколку на живите кои ете сега треба да го кренат гласот за многу нешта што нас нè мачат, а за кои јас сум убеден дека Вие како еден од најдобрите македонски историчари на уметноста, ако не јавно, работите барем пред студентите, ќе ги кажевте отворено како што некогаш и ни ги кажувавте. Луѓето во кои имавте доверба и кои станаа Ваши наследници во уметноста и во заштитата на културното богатство на Македонија зачудувачки молчат многу повеќе од Вас, иако се здрави, живи и бога ми многу активни. Простите што Ве обеспокојувам во вечниот мир, ги молам за прошка и Вашите најблиски што ете на еден ваков начин ја потсетувам јавноста на Вас. Писмото Ви го напишав од поодамна, но сега го испраќам со извесно задоцнување бидејќи имаше многу вжештени глави, па ќе го прочитаа погрешно. Не ми е целта да доливам бензин на огин.

Драг професоре, поминаа три години од кога Чарши Џамијата изградена во Пилеп пред пет века ја запалија некои гневни луге. Се крена троа прав од неколкумина новинари и умни луѓе и потоа сите замолчаа. Велат гневта била оправдана и несопирлива кога е во прашање зовриена крв и жал за залудно и ѕверски убиени невини млади луѓе. Тогаш можело да се пали и светина и божји храм. Кога има војна правдата умира. По воената криза убијците станаа функционери, политичари и деловни луѓе, од едната и од другата страна, а пироманите и вандалите станаа јунаци и никој не ги закача. Луѓето задолжени за културното наследство на Македонија, на чие откривање и заштита Вие толку долго и упорно работевте, одлучија по три години од опожарувањето да го избришат тој срам и да ја обноват џамијата иако сите знаеме дека тоа веке не е тоа. Коџамити луѓе, полтичари за кои секогаш зборувавте со потсмев и иронија предлагаат да не се реставрира џамијата, ами така да остане како споменик од воената криза во 2001 година. Старата џамија, под заштита на државата, што тие ја запалија треба да биде спомен за младите деца што истите тие ги пратија во смрт. Така најдобро ќе им сме се оддолжеле ако ја оставиме изгорената џамија како споменик на нашата глупост. Демек муслиманите, а не терористи, се виновни за смртта на невините млади луѓе што загинаа кај Карпалак и Вејце. Тоа големо зло и трагедија треба да се симболизира со опожарена и разурната џамија како спомен од крстоносна војна. Тоа што меѓу загинатите прилепчани има и муслимани тоа никого не го интересира, тие според нарачателите на овие идеи не се луѓе. Знам дека нема да ми верувате ама ете ова сега се случува кај нас во 2004 лето господово и сите молчат. Една голема национална политичка партија даде силна подршка за оваа идеја џамијата по 500 години да стои како ругло и да ги опоменува нашите поколенија од муслиманското зло. А културтрегерот на партијата поведе дури и полемика во нашиот весник, како тоа што го соопштиле не го соопштиле, туку тоа го измислуваат комунистите. Добро е што оваа будалаштина не се применува на разурнатиот Лешочки манстир и оштетните цркви и што се обновуваат со должно внимание на надлежните институции за заштита на културното наследство

Професоре ќе ве потсетам на 1953 година кога Вие макотрпно и тивко, без големи таламбаси, сте ги откривале значајните охридските цркви. Таа година каде што е денес Летница во центарот на Охрид одлета во воздух една од најубавите џамии Хаџи Кас’м. Вие единствен сте се побуниле и два пати сте предупредиле дека тоа е импозантен историски споменик и дека е голема штета да се урива. Според Ваши, но и други кажувања сте се обиделе да кажете на некои моќни луѓе дека Охрид е значаен токму заради присуството на споменици и археолошки наоѓалишта од сите цивилизации. Од античкиот период, од раното христијанство, од времето на Византиската империја и култура, од османлискиот период и ориенталната архитектура, а често велевте дека неоткриените споменци се со најдобра заштита бидејки се под земјата, а таму нема живи луѓе да наштетат. Очекувавте дека допрва во Охрид ќе се откријат импозантни оставнини од старите цивилизации и култури. Но наводно Ви кажале дека другарот Лазо така наредил и Хаџи Кас’м џамија летна во воздух. Никогаш не се докажа дали Лазар Колишевски така кажал, или тоа го направи некој друг криејќи се зад него во што и Вие се сомневавте. Со многу сета и јад тврдевте дека тоа е едена од многубројните големи грешки. Ве слушавме пред повеке од 30 години со стравопочит, бидејки тогаш беа ретки примерите некој така отворено да ја критикува „народната” власт, па макар тоа било само пред 20 -ина студенти. Многу подоцна од уривањето на џамијата во Охрид некои ваши колеги во кулуарите и студентските бифиња ве оговараа дека не сте биле доволно храбар да ја спасите џамијата, ете само два пати сте кажале НЕ, а кога ви кажале дека така Лазо наредил сте ја свиткале опашката и сте замолчале. Е, драг професоре цели 50 години подоцна ја урнисаа Султан Мехмед џамијата на Имарет, ја бутнаа без око да им трепне султанската џамија, односно остатоците од неа. Што да Ви кажам како што велевте Вие: будалите се гордеат од она што паметните се срамат. И никој ништо не кажа, ниту еднаш, а не „само“ двпати како вас кога за тоа требало голема храброст. Малку млака полемика во два три весника и сè се смири. Го немаше тука за оправдување ниту другарот Лазо, ниту другарот Тито, а  имаше „голема” демократија. И пак сите молчеа многу повеќе отколку кога се криеја зад Лазо. Имарет џамијата, кажаа, не била значајна. Немала некоја историска и културна вредност. Не била 100 години во употреба, односно не доаѓале верниците да се молат, туку да јадат оти тука се делела храна како милостина за сите сиромашни луѓе без оглед на вера. Каков идиотски аргумент да се урне споменик на културата стар 500. години. Професоре, овие луѓе не знаат дека и камењата постари од 100 години во светот се заштитени од државата. Тоа можат да не го знаат обичните граѓани, ама овие што се бават со заштита на културното богатство на Македонија мораат да ги знаат овие работи. Нив не им требаат ниту ревизии ниту формални одлуки. Тие добро ја знаат вредноста на културната оставнина на Македонија со тоа и на Имарет џамија. Тоа што во светските енциклопедии пишува за неа, дека е значаен историски споменик на еден амбициозен археолог и политички ангажиран охридски интелектуалец за голема жал ништо не му значеше.

Се дигна голема ѓурултија по медиумите како токму тој ден да открија дека во темелите на Имарет џамија се наоѓа цркавата Св. Пантелејмон што ја градел Климент. Тоа го пласираа како голема сензација иако вие на тоа работевте уште пред рамно 60 години. Вашиот труд „Раскопката на Имарет и Св. Пателјмон во темелите” не ја ни спомнаа иако кај историчарите на уметноста е позната и се користи како значаен извор во сите релевантни изданија за културното богатство на Македонија. Им требаше ваква сензација за да го оправдаат уривањето на Имарет џамијата. Како професоре Вас не ви текна да ја урнете џамијата и да го обновите Св Пантелејмон. Сигурен сум дека само ќе се насмеевте на ваквите идеи секогаш потикнувани од политичарите без оглед кој е на власт и каков е системот. Иако нема ниту еден валиден доказ дека османлиите ја урнале црквата Св. Пантелејмон, се направи таква атмосфера како вчера некој да дошол овде и ја урнал најубавата црква во Охрид, а на нејзино место изградил џамија. Во воената криза ова беше политички мевлем за душа. Вие знаете дека имало случаи на преправање цркви во џамии, но не и уривање, сепак и да е така, зарем ние сега во 21 век ќе размислуваме како османлиите во 15 век и како крстоносците пред тоа. Зарем како талибанците ќе ѕиркаме што има под импозантните споменици на културата. Замислете ако така постапат сите во светот. Што ли има аџаба под Лувр ако се прашаат вашите пријатели Французи, или ако сакаат да ѕирнат под Св. Петар во Рим италијанските националисти, или замислете Арапите да бараат нешто под пирамидите во Егпет, или Грците да копаат под Партенон, замислете некој да го урниса Таџ Махал затоа што под него има не знам што. Или пак забранетиот град во Пекинг некој да го дигне во воздух бидејќи пред тоа имало храм на Буда. Или еве да ја урнеме Св Спас во Скопје која е изградена во отоманскиот период, да го тргнеме и гробот на Гоце Делчев, од понов датум, за видиме дали под неа има уште постара црква. Е па така направија со Јени џамија во Битола, го раскопаа подот оти некој се посмневал дека џамијата е изградена на темелите на ранохристијанска базилика. И тогашниот директор на Заводот за заштита на спомениците го брани овој вандализам објаснувајќи дека тоа е многу вообичаена пракса.

Ете така, професоре на местото на Имарет џамијата се изгради црква Св Пантелејмон. Истото можеше да се направи без уривање на остатоците од џамијата. Ќе беше тоа прекрасен спој на различни култури. Така драг професоре Имарет се преиманува во Плаошник.

Ги гледав неодамна во Атина за време на Олимпијадата иконите од црквите во Египет и Палестина. Фасцинантни ремек дела со непроценлива вредност, што успеале да ги сочуваат муслиманите и покрај сите крстоносни војни и целата омраза. Организаторот на изложбата јавно им се заблагодарува на муслиманите Арапи што низ вековите го сочувале ова непроценливо културно богатство. Светот би станал страшно сиромашен ако и другите размислуваат како некои наши запалени глави.

Во Скопје има уште една поголема брука. Го реновираат Камениот мост чиниш подолго отколку што го граделе Османлиите. Го осакатија, мајката му ја расплакаа. Не личи на себе, му го сменија личниот опис како на грогиран боксер по тежок нокаут. Од ориентален убавец граден под влијание на големиот архитеткт Синан, направија неидентификуван објект, од непознато потекло, вистинска македонска салата. Некому многу му пречи да се вика Камен Мост како што се вика цели шест века. Му го сменија името, без ниту еден цврст доказ го нарекуваат Јустинијанов мост, а некои пак Душанов мост. Има еден упорен архитект од градскиот завод за заштита на споменици, него му го доверија мостот да го преправа и обликува како сака, а тој на свој начин докажува дека мостот не е изграден во периодот кога сме биле составен дел на Отоманската империја.. На човекот не му се допаѓа ориенталниот лик на мостот. Му ја урна во Вардар едната стражарница и никому ништо. Му се може. Една друга госпоѓа, исто така, архитектка, блиска на политиката наивно сака да ја заштити старата турска чаршија со тоа што треба да ги загуби ориенталните обележја. Таа не гледа дека чаршијата можеше спокојно да си живее природно ако ја остават на мира, а не да умира насилно на очиглед на сите оти еве 10 години мостот, најприродната комуникација, не работи. Затворен е за да се изврши фалсификување. Таа не може да види дека меѓудругото како и зошто ја убиваме една од најубавите чаршии на Балканот. Таа не знае дека поради тоа некои луѓе осиромашуваат, им се обезвреднува имотот, а некои други луѓе поради тоа што не работи старата скопска чаршија профитираат. Некому така му одговара. Старите градови во цел свет се туристичка атракција и работат турбо. Во Скопје така не смее да биде. На некој опасно ќе му падне приходот во новите трговски центри од десната страна на Вардар.

Почитуван професоре, работите почнаа навидум многу наивно. Што би рекол народот: Јашас’н Хуриет, шашарди минлет. Да живее слободата побудале народот. Најнапред кога стаса македонската демократија и плурализам, замислете на Саат- кулите ставија крстови, во Битола и во Прилеп. Пак го излажаа народот, дека порано имало ѕвезди и петокраки, или полумесечина со ѕвезда. Па ете и да е  така, зарем антикомунистите треба да одат по паметот на комунистите. Тие барем и уриваа и градеа. Оној Нуку, синот на диктаторот Чаушеску рече овие нови демократи не можат да варосаат она што татко му го изградил. Овие нашите професоре се бетер, ниту варосуваат, ниту градат, туку она што одамна е изградено го уриваат и палат.

Професоре има учени луѓе во Македнија кои и Вие сте ги учеле и кои знаат дека световните објекти во Турската империја немале верски облежја. За време на Империјата се водело сметка дека сааткулите служат да се види колку е саатот и затоа отчукувале малку поинаку, но со иста цел како и црковните камбани. Амамите пак служеле лугето да се избањаат, а мостовите да се премостат реките, а Ановите да се преноќи, а водоводите и чешмите да се снабдат градовите со вода, а медресите да учат децата. Никаде освен на џамиите, црквите и на гробиштата немало верски обележја. Се сеќавате ли професоре колку пати ни кажувавте дека за време на турската империја се изградени и обновени многу цркви. Еве овие учени луѓе што и Вие ги учевте сега молчат. Уста не отвараат. Молчат за опожарените џамии, разурнатите цркви и манастири, молчат за крстовите на саат кулите, молчат за камениот мост, молчат за Имарет, а заедно одат со сите власти да отвараат нови споменици, да осветуваат нови цркви и џамии, претходно уривајќи ги старите. Вашите омилени интелектуалци со многу титули д-р- м-р, акдемик итн, уста не отврија за ниту еден проблем.

Професоре во Македнија овие последни неколку години има многу колумнисти. Многумина од нив мислат дека се храбри како Емил Зола во аферата Драјфус. Ги критиклуваат властите, најчесто многу оправдано, ама не гледаат дека тоа веќе го прават и новинари приправници. Денес да го нападнете Премиерот или Претседателот на државата не е никаква храброст. Денес стана храброст некого во Македонија да браните. Ниту еден од нив не рече чекајте, не палете, не уривајте, тоа е голем срам пред светот.

Драги професоре  работите се навистина загрижувачки, нашите дежурни македонствујучи ,  албанствујучи и туркофилни типови молчат и за тоа што на пример Македонското радио и многу приватни радио станици тивко без некои таламбаси од поодамна забранија да се изведуваат некои народни песни, во изворна форма. Тоа се прави онака без некои посебни и видливи забрани. Едноставно „музичките“ уредници се погрижија за менталната хигиена на нацијата. Ете,на пример, се сеќавате на онаа прекрасна охридска песна „ја излези стара мајко да видиш кој помина”. Па вели „ми помина Осман бегот”. Е сега професоре нема веќе да минува Осман бегот сега поминува моето либе, каде се чуло видело мома македонка Турчин да сака, па уште бегот. Така Осман бегот стана моето либе. Гледате колку е тоа едноставно и лесно. Оние што го правт овој злочин не се свесни колкава штета и нанесуваат токму на македонската кауза. Оваа песна многу кажува за карактерот на Македонците исто како што е сосема спротивното во Калеш бре Анѓо, ремек дело на македонското народно творештво. Изворната варијанта за Осман бегот сега може да се слушне само во некоја охридска кафеана.

Професоре нема веќе чифтечанче, чифтечанче стани да заиграш турско оро убаво, сега можеш да играш само „наше” оро убаво. Нема покрај битолските касарни бен сени север’м чок сени север’м. Сите молчат за оваа брука профсоре. Вие ни зборувавте за едни други времиња дека така почнуваат работите: прво се менуваат песните, потоа се палат црквите и џамиите, се ставаат крстовите на саат кулите, а минариња на црквите, се градат нови крстови и минариња многу поголеми и повисоки, да се види кој е кој, и кој до каде е. Се преправаат мостовите, за да се изградат уште „постари и поубави”. Ако ова професоре не е фашизам не знам што е. А нашите колумнисти пишуваат кој треба да се одере на плоштадот, раскажуваат мелодрами како во шпанските серии преживеале инфаркт, колку биле паметни на времето, како тие секогаш нешто умно кажувале ама нема кој да ги чуе, колку нивните сопруги, деца, студенти се одушевени од нивната памет и храброст на попот да му кажат поп. Еден пак висок функционер во комунизмот сега светски либерал ја забавува јавноста колку бил храбар антикомунист. Замислете Вацлав Хавел може кондури да му чисти. Ем бил комунистички функционер, ем бил антикомунист, такво нешто нигде нема. Ем  колумнисти, ем популисти, најубаво се чуствуваат кога одат на пазар да им кажат продавачите алал да ти е како им ја расплака мајката на сите.

Професоре ете толку имав да Ви кажам, знаете како во онаа приказната на Насредин оџа со писмото до една анама. Му рекла комшиката на оџата да и го прочита писмото. И оџата почнал да чита: „драга уважена госпоѓо, еве по долго време решив да Ви се јавам и да ве прашам како сте, како се сите ваши најблиски”… Аман бе оџа спискала жената ти ја дадов тапијата од куќата по грешка. Оџата смирено одговорил, кажи бе невесто дека е тапија и јас ќе читам како да е тапија.

Мето писмо до Вас професоре се надевам ќе се прочита како писмо, а не како тапија. Тие што ќе го читаат како тапија ќе се јават.

Почивајте во мир мој професоре и уште еднаш простете што Ве вознемирив. Белки ќе има некое фајде“.

Утрински Весник 2004 година

 


Текстот е пренесен по предлог на Авторот, од erizaov.mk

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ