• Latest

Затворски казни за Груевски, Јанакиески и Трајковски, според Кулеба, НАТО ништо не направи за Украина, дојави за бомби во Србија

May 20, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Затворски казни за Груевски, Јанакиески и Трајковски, според Кулеба, НАТО ништо не направи за Украина, дојави за бомби во Србија

May 20, 2022 17:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Груевски, Јанакиески и Трајковски прогласени за виновни за случајот „ТНТ“, осудени на по 9, 3 и 4 години затвор

Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“ Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, додека обвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор. Екс-градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, исто така прогласен за виновен и осуден на четири години. Иста казна затвор од четири години и беше изречена и на обвинетата Елизабета Најдовска.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното СЈО, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиевски – министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот-инвеститорот оштетениот Фиат Цаноски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија го искористи масовното предавање на украинските војници во фабриката за челик Азовстал во Мариупол како пропаганден подарок во средата, користејќи го за лажно да ги означи како терористи и да создаде паралелен наратив на украинскиот приказ на руските војници како грозоморни воени злосторници, пишува Њу Јорк Тајмс.

*

Заедно мораме да се погрижиме Русија да нема успех во нејзината агресија против Украина, ниту воена, ниту економска или која било друга, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

*

Заменик-командантот на Азовскиот полк, капетанот Паламар (Калина) снимил видео во кое ги негира информациите дека ја напуштил територијата на челичарницата Азовстал во Мариупол и им се предал на руските освојувачи, објави на Телеграм украинскиот воен дописник Андриј Цаплиенко, пренесува Укринформ.

*

Украина денеска ќе ја добие втората транша макрофинансиска асистенција од ЕУ, во износ од 600 милиони евра. Ова го соопшти утрово на Твитер претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и најави дека “пристигнуваат и повеќе“ пари.

ИЗЈАВИ

Кулеба: НАТО ништо не направи за Украина

„Е.У. се покажа како организација способна да дејствува како обединет фронт и да носи моќни, важни, тешки одлуки за разлика од НАТО… Да, точно е дека членовите на алијансата, поединечно или во мали групи, навистина прават одлична и важна работа, обезбедувајќи витална помош… Но, НАТО како институција не направи ништо за ова време“, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

ДИСТРИКТ

Кафеџиска: Лажните вести се смислена манипулација, а говорот на омраза и вулгарноста се карактерна особина

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Викторија Кафеџиска – комуниколог, доктор на науки, професорка на Меѓународниот балкански универзитет, зборува за новинарите и медиумите, медиумската писменост и злоупотребата на јавниот простор, интернетот, лажните вести и говорот на омраза и за уште по нешто.

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

Мулти култи бриф, десетто издание

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОПАСНОСТ Нови дојави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија. Како што соопшти министерството за образование на Србија, пријавите за поставени бомби биле испратени на на и-маил адресите на 134 основни училишта на територијата на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија. На учениците им е соопштено дека наставата ќе се одвива онлајн.

ПРАВДА Во Штип одредни родители почнале и со промена на адресите за живеење, со цел нивните деца да не се запишат во училиштето „Гоце Делчев“, туку од 1 септември да седнат во училишните клупи на друго училиште. Токму непочитувањето на реонизацијата при упис на првачињата донесе и неколку тужби за сегрегација пред македонските судови и во Стразбур. Едно од тужените училишта е штипското „Гоце Делчев“, во кое има најмногу барања за трансфер на првачињата во други училишта. Во оваа училиште има чисти ромски паралелки, и по ова постапува и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила слабост во употребата на балансерот при вработување на административни службеници – нема утврдена постапка за проверка на веродостојноста на податоците, ниту е направена единствена база од која ќе се добиваат податоци за етничката припадност на кандидатите, и предлага во новиот Закон за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници или да се предвидува ефикасна алатка за спречување на злоупотреба на балансерот при вработување во јавниот сектор или балансерот да се укине бидејќи е претворен во алатка за злоупотреба и понижување.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ