Азовстал не се предава. Заменик-командантот на Азовскиот полк Свјатослав Паламар и другите команданти се уште се во Азовстал.
Заменик-командантот на Азовскиот полк, капетанот Паламар (Калина) снимил видео во кое ги негира информациите дека ја напуштил територијата на челичарницата Азовстал во Мариупол и им се предал на руските освојувачи, објави на Телеграм украинскиот воен дописник Андриј Цаплиенко, пренесува Укринформ.
“Командата и јас сме на територијата на челичарницата Азовстал. Во тек е операција, чии детали нема да ги обелоденувам. Сакам да му се заблагодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме”, рече тој.
Објавата ја негира изјавата од пред некој ден на рускиот воен дописник Дмитриј Стешин, кој изјави дека Свјатослав Паламар го напуштил Азовстал и се предал.
Подготви: Д.Мишев