• Latest

Заев: Ако имав конкретни докази за „Монструм“ ќе ги објавев до крај

April 26, 2018

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Ако имав конкретни докази за „Монструм“ ќе ги објавев до крај

April 26, 2018 13:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако имаше конкретни докази верувајте, како секоја бомба така и таа бомба ќе ја објавев до крај. Но, таму има сериозни индиции, и моја обврска пред сè како граѓанин, а во тоа време и како шеф на опозицијата, е комплетно да ги предадам во институција на системот – Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали има докази што можат да го расветлат петкратното убиство кај Смилковско езеро познат како случај „Монструм“.

Пратеникот Зоран Илиоски го обвини Заев дека манипулира со чувствата на родителите на убиените момчиња, дека има морална одговорност да каже зошто го прави тоа и дали навистина има докази со кои ќе се расветли убиството кај Смилковското езеро.

Премиерот беше дециден дека доказите од почеток до крај и се друго што поседувал се доставени до СЈО и дека со нив е запознат и таткото на едно од убиените деца.

– Таткото на едно од убиените момчиња имаше можност заради тоа што се родители да види како осомниченото лице Фејзи Азири разговара со тогашниот градоначалник Невзат Бејта молејќи да му бидат исплатени субвенциите и тој тоа го виде, го видоа и сите и така е предадено. Ги виде дури и телефоните што наводно биле скриени. Зошто? Заради тоа што можеби немам право јавно да објавувам вакви податоци, но имам право на некој родител кој изгубил дете тоа да му го покажам, истакна Заев.

Родителите на убиените, како што рече, заслужуваат дополнителна истрага во овој случај бидејќи има и дополнителни докази што треба да се истражат.

– Нема никакво криење така што, апсолутно, поставувањето на ваквите прашања може да бидат само гол популизам, но транспарентноста во водењето на политиките на оваа Влада никој нема да успее да ги одврати. Колку и да е нешто болно, колку и да е нешто тешко, колку и да е нешто секојдневие во работењето, до крај граѓаните заслужуваат одговори и од оваа Влада ќе ги добијат сите можни одговори, посочи Заев. Рече дека не смее да си дозволи како политичар да биде истражител и обвинител.

Заев исто така кажа дека правото и правната држава е подобрена во државата, борбата со корупцијата е ефикасна и Владата продолжува да ја унапредува со уште поголеми ефекти.

– Од сите 22 случаи на убиства, почнувајќи од почетокот на 2017 година, иако оваа Влада е од 1 јуни 2017 година, ги наследија предметите новите структури на МВР и продолжија да ги работат, само две не се докрај откриени, а продолжува истрагата. Имавме такви случаи, јавно се објавени и транспарентно граѓаните тоа го знаат, рече премиерот.

Според него, прашањето е дали може да се откријат и извршителите на убиствата кај Смилковско езеро, да се расветлат до крај кумановските настани и смртта на новинарот Никола Младенов за што во јавноста има сериозен интерес.

– Прашањето е зошто некогаш претходната влада дури и криеше убиства, тоа го видоа сите граѓани ситем, кажа Заев на денешната седница за пратенички прашања.


Извор: МИА

Tags: „Монструм“бомбиЗоран Заев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ