• Latest
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Заев: Иднина има само заедничка, а не „чиста“ Македонија

October 6, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Иднина има само заедничка, а не „чиста“ Македонија

October 6, 2017 10:36
in ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Чиста Македонија нема иднина. Иднина има само заедничка Македонија. Тоа е нашето богатство и тоа богатство треба да го искористиме, зашто е наша предност, а не слабост“, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на митингот во Тетово (5 октомври 2017), објави агенцијата МЕТА.

„Мораме да живееме заедно и Тетово е пример за тоа. Ги отворивме сите теми, затоа што ако не ги отвориме, тие ќе бидат злоупотребувани од политичарите. Продолжете да го поддржувате концептот на заедничка Македонија. Да ги заокружиме промените во Македонија и да ги испратиме Груевски и режимот во историјата“, рече Заев.

Тој истакна дека СДСМ ќе ѝ ја даде поддршката на актуелната градоначалничка на Тетово и кандидатка за претстојните избори од ДУИ, Теута Арифи, и ја побара поддршката на тетовци за советничката листа на СДСМ.

Заев потсети на мерките што Владата ги реализира изминатите четири месеци, истакнувајќи го напредокот и подобрувањето на односите со сите земји-соседи на Македонија, кои, како што нагласи, биле нарушени од претходната власт.

„Не можете да бидете скарани со сите пет соседи. За четири месеци ги унапредивме и ги отворивме перспективите со сите соседи. Бугарија е прв сојузник на Македонија која ќе стори сè Maкедoнија да стане дел од НАТО и да ги почне преговорите за членство во Европската унија, за време на нејзиното претседавање со ЕУ. Со Србија, и покрај сите недоразбирања, отворивме одлична соработка. Градиме пријателство и со Грција. Јас ви ветувам дека ќе најдеме решение за проблемот (со името) и притоа ќе останеме сите горди граѓани на Македонија“, рече Заев.

Тој најави повеќе проекти за развој на економијата, инфраструктурата, културата, спортот и на образованието во Тетово, кои, како што истакна, ќе добијат поддршка од централната власт.

„Тетово е една од најголемите општини во Македонија и треба да добие најголема поддршка од централната власт. Ветувам дека Тетово ќе блеска“, порача Заев.

Претходно, Заев и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ја посетија гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, од каде најавија доградба на објектот, а ја посетија и Мала Речица, каде е предвидена изградба на ново основно училиште.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Зоран Заевлокални избориСДСМТетовоТеута Арифи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ