Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, при отварањето на конференцијата истакна: „Одвојувањето на државата од политичките партии е даден збор, заложба и определбата на новата Влада на РМ“.
Тој потенцираше дека токму затоа Владата донесе серија заштитни мерки преку Планот 3-6-9, оосбено во пресрет на локалните избори.
Целта на настанот беше да се дискутира за механизмите кои треба да придонесат кон одвојување на државата од политичките партии, особено во пресрет на тековните локални избори, вклучувајќи ги и мерките предвидени во Планот 3-6-9 за справување со овој проблем.
Самуел Жбогар во своето обраќање посочи дека сите политички лидери треба да го искористат изборниот процес за повторно да ја потврдат и демонстрираат својата посветеност на демократските вредности и владеењето на правото. На тој начин овие избори ќе бидат чекор напред кон патот за интеграција на земјата во ЕУ.
Дарко Алексов, претседател на организацијата МОСТ, истакна дека владините мерки треба да бидат имплементирани во пресрет на локалните избори и допрва треба да се види дали ќе придонесат кон обезбедување одвоеност на државата од политичките партии, за што е потребна силна политичка волја од сите политички партии.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Даниела Нисева