• Latest

Заев: Очекуваме понатамошно интензивирање на економскиот раст

April 2, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Очекуваме понатамошно интензивирање на економскиот раст

April 2, 2018 16:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е во фаза на економски раст. Оваа година очекуваме понатамошно интензивирање на економскиот раст. Од политичката стабилност и од политиките за враќањето на довербата кај инвеститорите се очекува раст на приватните инвестиции, истакна премиерот Зоран Заев денеска во своето обраќање на Првата годишна конференција на Министерството за финансии „2 Април – Ден на Буџетот“. 

– Растот на платите и вработеноста во приватниот сектор, поддржан од владините мерки, придружени со очекувањата за ниска и стабилна инфлација во земјата, ќе придонесат кон зголемување на приватната потрошувачка, рече премиерот.

Понатаму, додаде тој, континуираниот солиден извоз од новите производствени капацитети, како и опоравувањето на традиционалните извозни сектори како резултат на зајакнатата економска активност на земјите трговски партнери, ќе придонесат за зголемување на извозот на Македонија и поголемо искористување на индустриските капацитети.

– Согласно ваквите очекувања за движењето на домашната побарувачка наредната година, како и предвидувањата за меѓународното економско окружување, очекуваме дека проекцијата за реалниот раст на БДП во 2018 година ќе достигне 3,2 отсто што е во согласност со повеќето проекции на релевантните меѓународни и домашни институции, потенцира премиерот.

Најави дека конечно решение за тоа дали ќе се воведе прогресивен данок би можело да има следната недела и иако станува збор за не многу голем број лица со приходи над илјада евра, сумата што се собира е сериозна и средствата можат да се пренасочат за други потреби.

– Ќе се стремиме и понатаму буџетот да обезбедува услови за реално раздвижување на економијата, преку повисоки капитални инвестиции, и сериозна државна поддршка преку нови инвестиции и раст на извозот, рече Заев.

Активностите на Владата во буџетските политики, според премиерот, се создавање услови за нови работни места и повисоки плати, инвестирање во образованието, здравството, помош за сите граѓани на кои тоа им е потребно, доближување на стандардите на граѓаните до оние на ЕУ и НАТо, кратење на непродуктивни трошења…

– Економската активност од кога дојде оваа Влада на власт забележа позитивни стапки, позивитивни трендови имаме на почетокот на оваа година висок раст на индустриското производство. Конкретен резултат на овие трендови е надминувањето на прагот од 24.000 денари на просечната плата, делумно тоа е благодарение и на покачувањето на минималната плата што оваа Влада го спроведе, рече Заев.

Нашата определба е да се грижиме за сите граѓани и врз тие принципи го креираме и го спроведуваме буџетот.

Премиерот истакна дека останува на заложбите за отчетност и транспаретност, која е фундаментална кога станува збор за одговорноста на Владата пред граѓаните.

– Прашањата на граѓаните се легитимни и треба да очекуваме да ни бидат поставени, рече премиерот додавајќи дека оваа Влада останува на ставот парите да се враќаат кон граѓаните и кон стопанството откако претходно ќе бидат вбризгани во проекти за македонската економија и за подобар живот и за здравјето на граѓаните.

Регионалната директорка за земјите од Западен Балкан на Светската банка Линда Ван Гелдер истакна дека во моментов со македонската Влада се разговара за можните приоритети што таа ги има во областите за делотворното управување со финансии, но и со економскиот развој во поширока смисла.

Министерот за финансии Драган Тевдовски потенцираше дека во однос на буџетските потреби Македонија не треба да мисли на краток рок – од година за година. Затоа оваа конференција Министерството ја посветува на прашања чие што решение зависи од долгорочната стабилност и иднина на Македонија.

– Дали Македонија треба да биде земјата со најниски буџетски прихопди во однос на БДП во Европа? Или пак треба да се превземаат мерки кои ќе ја подобруваат приходната страна на Буџетот? Дали воведувањето на праведно оданочување во Македонија би претставувало проблем, ако се знае дека САД и земјите од ЕУ имаат прогресивно оданочување кај персоналниот данок, додека само поранешните социјалистички земји од Европа имаа воведено рамен данок, додека само поранешните социјалистички земји од Европа имаа воведено рамен данок. А, дури и тие со подобрувањето на институциите почнаа рамниот данок да го заменуваат со прогресивен, рече Тевдовски. Како пример посочи на Албанија, која во 2014 година воведе прогресивен данок со две стапки 13 отсто и 23 отсто.

Дали е потребно да се продолжи со популистичките политики од минатото или со треба да се преземаат мерки кои ќе се водат грижа за луѓето кои денес работат да имаат фер пензии во иднина, праша министерот. И дали, продолжи тој, решение за напластените долгови од минатото е остро кастрење на расходите, или Македонија треба да води политика на управување со јавниот долг која ќе има за цел трошокот на задолжувањето да биде понизок од економскиот раст. Кои се, додаде Тевдовски, клучните инфраструктурни проекти што Македонија треба да ги гради во иднина.

За некои од овие прашања, како што кажа, потребен е државен консензус.

Министерството за финансии, рече Тевдовски, има Стратегија за реформи во системот за јавни финансии која го опфаќа периодот од 2018 до 2021 година ги содржи сите значајни елелменти на системот, почнувајќи нод фискалната транспаретност, преку воведување на среднорочно буџетирање и измени во системот на јавноте набавки, па се до подобрувања во функционирањето на јавната внатрешна финансиска контрола, УЈП и Царината.

– Нејзина цел е среднорочно подобрување на системот на јавните финансии во насока на ЕУ стандардите, рече министерот за финансии.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери, на првата конференција во рамки на Денот на Буџетот рече дека нема да дозволи во Собранието да се случат настани како оној од 24 декември 2012 година кој беше директно поврзан со донесувањето на буџетот, ниту пак како насилствата што се случија на 27 април.

– Верувам дека сите ние извлековме поуки од овие настани, односно ја научивме историската лекција дека со насилство не се гради ниту демократија, ниту функционални институции, рече Џафери.

Зборувајќи за улогата на Собранието при донесувањето на буџетот, истакна дека од нормативен аспект Македонија и не е толку лоша и оти постојат механизми за контрола на трошењето на парите.

– Меѓутоа, останува отворено прашањето, колку како Собрание ги користиме на ефикасен начин овие деловнички и законски можности за контрола, како врз прибирањето, така и врз трошењето на парите на граѓаните. Ако сакаме да бидеме критични и објективни, тогаш мораме да признаеме дека ние заостануваме од она што е вообичаена пракса во развиените демократски држави, рече Џафери.

Според него, и кај парламентарното мнозинство и кај опозицијата, има позитивни промени во разбирањето и практикувањето на улогата на Собранието при донесувањето на буџетот, но исто така и во однос на надзорната улога врз трошењето на народните пари.

– Односно, парламентарното мнозинство не сака да биде само гласачка машина, туку сака аргументирано да расправа за буџетот, независно ви-за-ви извршната власт. Таков, самостоен, критичен, но и одговорен пристап, очекувам и од опозицијат, рече Џафери.

На првата конференција за Ден на Буџетот, која се одржува 26 години по донесувањето на првиот Буџет во независна Македонија, присуствуваа и поранешни министри за финасии, професори од економски факултети, бизнисмени и други.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетВлада на Република МакедонијаекономијаЗоран ЗаевПремиеррастТалат Џафери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ